Јавен повик за пријавување на заинтересирани кандидати кои работат како такси возачи во правни лица лиценцирани од општина Кратово

Во рамките на измените и дополнувањето на Законот за превоз во патниот сообраќај потребно е такси возачите да поседуваат меѓународен сертификат за познавање на англиски јазик на ниво А1 или А2 според Заедничката европска рефернтна рамка за јазици (CEFR) на Советот на Европа.

Поради тоа општина Кратово со цел да им помогне на такси возачите ќе организира посетување на обука за полагање на испитот за добивање на меѓународен сертификат за познавање на англиски јазик на ниво А1, за кандидатите кои работат како такси возачи во правни лица лиценцирани од општина Кратово за оваа дејност, при што трошоците за оваа обука ќе ги сноси општина Кратово.

1. Предмет на јавниот повик е пријавување на заинтересирани кандидати кои работат како такси возачи во правни лица лиценцирани од општина Кратово за оваа дејност, за посетување на обука за полагање на испит за добивање на меѓународен сертификат за познавање на англиски јазик на ниво А1 според Заедничката европска референтна рамка за јазици на Советот на Европа.

Обуката за полагање на испит за добивање на меѓународен сертификат за познавање на англиски јазик опфаќа посетување на предавање кое ќе го вршат професори по Англиски јазик.

Обуката ќе содржи 80 часови односно 40 блок часови за ниво А1.

За заинтересираните пријавени кандидати во дадениот рок со овој Јавен повик трошоците за обуката ќе бидат преземени од страна на општина Кратово.

2. Право на учество на јавниот повик имаат сите заинтересирани кандидати кои работат како такси возачи во правни лица лиценцирани од општина Кратово за оваа дејност, кои ги исполнуваат следните услови:

  • лицата да не бидат постари од 62 години;
  • да се вработени како такси возачи;

3. Заинтересираните кандидати кои работат како такси возачи во правни лица лиценцирани од општина Кратово за оваа дејност за посетување на обуката за полагање на испитот за добивање на меѓународен сертификат за познавање на англиски јазик поднесуваат пријава до Архивата на општина Кратово.

Кон пријавата се доставува следната документација:

  • копија од лична карта;
  • копија од М1/М2 образец за лицето што се пријавува;

4. Пријавите можат да се достават во рок од 40 дена од денот на објавувањето на огласот.

Пријавите се доставуваат директно во Архивата на општина Кратово.

НАПОМЕНА:

– Со обука ќе се отпочне во наредните месеци при што сите пријавени кандидати поединечно ќе бидат известени.

– Кандидатите кои нема да се пријават на Јавниот повик до рокот предвиден за пријавување немаат право да ја посетуваат обуката организирана од страна на општина Кратово односно подготовките за испитот ќе биде на нивни трошок.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin