Донација на детски јорганчиња денеска пристигнаа во Општинската организација на Црвен Крст во Кратово

Денеска во Општинската организација на Црвен Крст Кратово беа донирани200 детски јорганчиња (со димензии 120 цм х 150цм) за реализирање на хуманитарни цели. Донацијата беше од страна на компанијата Комфи Ангел од Прилеп по повод одбележување на 1 Август – односно десетгодишно постоење на самата компанија. Помошта ќе биде наменета за потребите на детските градинки и болниците каде што има детски оддели.

По тој повод компанијата донира 10.000 постелнина (детски јорганчиња) на ниво на Црвен крст на РМ.

Оваа донација во детски јорганчиња во Општина Кратово ќе биде распределена во установите :

детска градинка – ЈОУДГ „Царка Андреевска“ Кратово;
здравствени организации – ЈЗУ Здравствен дом – Кратово и Призватни здравствени установи (ординации);

facebooktwittergoogle_pluslinkedin