Грант од 100 000 долари за реставрација на Златкова кула

kratovo18Златкова кула е споменик на културата, една од шесте зачувани кули на градот. Средновековните камени кули претставуваат најпрепознатлив симбол на нашиот град. Деновиве пристигна известување дека апликацијата од страна на американската амбасада е прифатена и во наредните месеци ќе биде финансиран проектот за обнова на Златкова кула.

Целосната санација и реставрација ќе се изведат со грант од 100 000 долари кои ќе бидат доделени од американската амбасада во Скопје.

Ревализацијата на објектот, кој со децении е надвор од функција треба да придонесе за одржлив развој на општината и регионот.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin