Граѓаните на Кратово пет дена уживаа во претставите на Македонскиот народен театар.

Општина Кратово од 11 до 17 јули беше домаќин на гостите од Македонскиот народен театар. Ова е прво гостување на МНТ во Кратово, но интересот и одзивот кај граѓаните беше навистина голем, за сите пет претстави се бараше влезница повеќе. Граѓаните навистина уживаа во ова театарско доживување кое им го овозможија – Градоначалникот на општина Кратово, хотел ,,Кратис,, и секако Македонскиот народен театар.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin