Соопштение за јавност за извештај за стратегиска оцена на животна средина

Врз основа на член 69 став 1 од Законот за животна средина (,,Сл.весник на РМ,, Бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11) , Градоначалникот на Општина Кратово го дава следното

Соопштение за јавност за извештај за стратегиска оцена на животната средина

Се известува заинтересираната јавност дека Општина Кратово во постапката за донесување на ЛУПД за изградба на стопански комплекс со намена лесна индустрија, складишта и сервиси на к.п.2942 и к.п.2943 , м.в.Габреш , КО Кратово изработени Извештај за стратегиска оцена на животната средина кој е достапен за увид на заинтересираната јавност на интернет страницата на општина Кратово www.opstinakratovo.gov.mk.

Изработениот Извештај и ЛУПД за изградба на стопански комплекс со намена лесна индустрија, складишта и сервиси на к.п.2942 и к.п.2943, м.в.Габреш , КО Кратово , Општина Кратово ќе бидат достапни и во просториите на Одделението за урбанизам при Општина Кратово секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот во период од 21.07.2014 до 21.08.2014 година.

Одговорно лице е Цане Анчов, Раководител на одделение за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина и ЛЕР.

Информации можат да се добијат на тел. 031/481-202.

Јавната расправа по Извештајот за ЛУПД за изградба на стопански комплекс со намена лесна индустрија, складишта и сервиси на к.п.2942 и к.п.2943 , м.в. Габреш, КО Кратово, Општина Кратово ќе се одржи на ден 18.08.2014 година со почеток во 12:00 часот во просториите на Одделението за урбанизам при општина Кратово.

Извештај за стратегиска оцена на животна средина за ЛУПД за изградба на стопански комплекс со намена лесна индустрија, складишта и сервиси на КП 2942 и КП 2943, м.в. Габреш, КО Кратово, Општина Кратово

facebooktwittergoogle_pluslinkedin