Општина Кратово Ве информира дека на ден 15.07.2014 год. (вторник) со почеток од 05.00 часот до 08.00 часот ќе се спроведе првото авионско третирање против комерци во 2014 год.
Со третирањето ќе биде опфатено течението на Кратовска река од с.Кетеново нагоре и целото градско подрачје.
Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците – сандаците со пчели, заради можноста од влијание на средство со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.
Во случај на врнежи, прскањето ќе биде одложено за наредниот ден



