Денови на МНТ во Кратово

Ne se kladi na Englezi 2Со претставата ,,Парите се отепувачка,, во режија на Бојан Трифуновски ќе започнат  Деновите на Македонскиот народен театар во Кратово. Посетителите ќе можат да ги погледанат и претставите “Последна шанса”, “Сребрена свадба”, “Свадбата на Фигаро” и “Не се клади на Енглези” . Сите претстави ќе се играат пред платото на  Музеј на град Кратово со почеток во 21.00 часот. Само монодрамата “Сребрена свадба” ќе се игра во хотел “Кратис”. Влезот за сите претстави е бесплатен. Уметничкиот директор на МНТ , режисерот Дејан Пројковски најави дека ќе се обидуваат да играат таму каде граѓаните немаат можност секојдневно да посетуваат театар.

Информира дека оваа иницијатива е на општината и на Градоначалникот на Кратово.

– Предвидени се средби, дружења, на дел од актерите со средношколците од Кратово, со младите од драмските секции и со сите заинтересирани, рече Пројковски.

Градоначалникот на општина Кратово, Мите Андоновски, ги повика граѓаните од Кратово и од соседните општини,  Пробиштип, Крива Паланка, Ранковце и Куманово , да ги погледнат театараските претстави. Додаде исто така дека оваа манифестација ја подржува хотел “Кратис” и други спонзори.

Кратово, како древен град, кој во минатото претставувал значаен културен центар, има голема чест што ќе биде за прв пат домаќин на високо – професионален и реномиран театар, и дека сето ова ќе придонесе за заживување на театарската уметност и културните вредности во градот.

ПРОГРАМА:

11.07.2014 (Петок)
,,Парите се отепувачка,,

12.07.2014 (Сабота)
,,Последна шанса,,

13.07.2014 (Недела)
,,Сребрена свадба,,

14.07.2014(Понеделник)
,,Свадбата на Фигаро,,

15.07.2014 (Вторник)
,,Не се клади на Енглези,,

Влезниците за претставите се бесплатни. Ве молиме подигнете ги во Дом на култура ,, Лазар Софијанов,, -Кратово

facebooktwittergoogle_pluslinkedin