Профил на општина Кратово
Општината Кратово е сместена во Североисточниот дел на Република Македонија помеѓу општините Крива Паланка, Пробиштип, Свети Николе, Куманово и Кочани и низ нејзината територија протекуваат две поголеми реки: Злетовска и Крива Река. Градот Кратово е еден од најстарите градови во Р.Македонија и на Балканот сместен во грлото на еден изгаснат вулкан во Осоговските планини, распространет на бреговите од три мали реки. Општината е сместена помеѓу 42 степени и 42 степен и 1 минута северна географска ширина и 22 степени и 22 степени и 27 минути источна географска должина, со средна надморска висина од 1000 м. Целокупната општина е со мошне разнолична конфигурација на теренот: од најниски полиња и рамнини до високи планини што го условува и целокупното живеење како и стопанската активност на населението.
Општината Кратово граничи со општините: Куманово,Крива Паланка, Свети Николе, Пробиштип и Кочани и спаѓа во помалите општини во Република Македонија со околу 10.500 жители, а по територија зафаќа 376 километри квадратни.
Општината Кратово ја сочинуваат градот и 31 населено место: Шлегово, Приковци, Железница, Туралево, Живалево, Филиповци, Сакулица, Вакаф, Шопско Рудари, Татомир, Коњух, Пендаќ, Страцин, Трновац, Крилатица, Талашманци, Куклица, Кетеново, Тополовиќ, Горно Кратово, Нежилово, Каврак, Кнежево, Емирица, Којково, Мушково, Куново, Димонце, Луково и Близанци.
Од Вкупната површина 37.623 ха, земјоделско земјиште е 22.227 ха од кое обработливо земјиште е 8986 ха и тоа во ридско-планинското подрачје структурата на земјиштето е:
- под шуми околу 1065 хектари
- под пасишта околу 3034 хектари
- под обработлива површина околу 1734 хектари.
Структурата на земјиштето во полското подрачје е следната:
- обработлива површина околу 9066 хектари
- необработлива површина околу 920 хектари
|
Процентуална застапеност на земјиштето во општината
Структура на земјиште
|
Државна сопственост %
|
Приватна сопственост %
|
Шуми |
52
|
48
|
Пасишта |
48
|
52
|
Обработливипов. |
8
|
92
|
Процентуална застапеност на сопственоста на земјиштето во општината
Подрачјето на општината Кратово се одликува со умерено континентална до планинска клима со умерено топли лета и умерено студени и влажни зими. Средната годишна температура е околу 11,3oС степени, со максимална температура од 38oС а минимална од -16,5oС.



