Листа на закони ⇒ ЛИСТА НА ЗАКОНИ
Администрацијата на Локалната самоуправа на општина Кратово е организиран во одделенија и инспекторат:
|
Општината е надлежна за вршење на следните работи:
- Урбанистичко (урбано и рурално) планирање, издавање на одобренија за градење на објекти од локално значење утврдени со Закон, уредување на просторот и уредување на градежното земјиште;
- Заштита на животната средина и природата, во смисла на преземање на мерки за заштита и спречување од загадување на водата, воздухот, земјиштето, заштита на природата, заштитата од бучава и нејонизирачко зрачење;
- Локален економски развој, во смисла на планирање на локалниот економски развој, утврдување на развојни и структурни приоритети, водење на локална економска политика, поддршка на развој на мали и средни претпријатија и на претприемништвото на локално ниво и во тој котекст учество во воспоставувањето и развојот на локалната мрежа на институции и агенции и промовирање на партнерство;
- Комунални дејности, во смисла на снабдување со вода за пиење, испорака на технолошка вода, одведување и пречистување на отпадни води, одведување и третман на атмосферски води, јавно осветлување, одржување на јавна чистота, собирање, транспортирање и постапување со комунален цврст и технолошки отпад, уредување и организирање на јавниот локален превоз на патници, одржување на гробовите, гробиштата и давање погребални услуги, изградба, одржување, реконструкција и заштита на локалните патишта и улици и други инфраструктурни објекти, регулирање на режимот на сообраќајот, изградба и одржување на улична сообраќајна сигнализација, изградба и одржување на јавен простор за паркирање, одстранување на непрописно паркирани возила, одстранување на хаварисани возила од јавните површини, изградба и одржување на пазари, чистење на оџаците, одржување и користење на паркови, зеленило, парк-шуми и рекреативни површини, регулација, одржување и користење на речните корита во урбанизирани делови, определување на имиња на улици, плоштади и други инфраструктурни објекти;
- Култура, во смисла на институционална и финансиска подршка на културните установи и проекти, негување на фолклорот, обичаите, старите занаети и слични културни вредности, организирање на културни манифестации, поттикнување на разновидни специфични форми на творештво;
- Спорт и рекреација, во смисла на развој на масовен спорт и рекреативни активности, организирање на спортски приредби и манифестации, одржување и изградба на објекти за спорт, како и поддршка на спортски сојузи;
- Социјална заштита и заштита на деца, во смисла на финансирање, инвестиции, одржување и сопственост на детски градинки и домови за стари, остварување на социјална грижа за инвалидни лица, деца без родители и родителска грижа со воспитно-социјални проблеми, со посебни потреби, од еднородителски семејства како и деца од улица, лица изложени на социјален ризик, засегнати со злоупотреба на дрога и алкохол, подигање на свеста на населението, домување на лица со социјален ризик, остварување на право и воспитување на деца од предучилишна возраст;
- Образование, во смисла на основање, финансирање и администрирање на основни и средни училишта во соработка со централната власт, во согласност со закон, како и организирање на превоз и исхрана на ученици и нивно сместување во ученички домови;
- Здравствена заштита, во смисла на управување со мрежата на јавни здравствени организации и објекти од примарна здравствена заштита во кои општината е застапена во сите одбори на сите здравствени организации во јавна сопственост, здравствено воспитување, унапредување на здравјето, превентивни активности, заштита на здравјето на работниците и заштита при работа, здравствен надзор на животната средина, надзор над заразните болести, помош на пациенти со специјални потреби и други области определени со закон;
- Спроведување на подготовки и преземање мерки за заштита и спасување на граѓаните и материјални добра од воени разурнувања, природни непогоди и други несреќи и од последици предизвикани од нив;
- Противпожарна заштита вршена од територијалната противпожарна единица;
- Надзор над вршењето на работи од надлежност на општината;
- Други работи определени со закон.
_____________________________________________________________________
Секретар на Општина Кратово: Радмила Стојкова Китанова
Е-маил адреса: radmila_kitanova@opstinakratovo.gov.mk ; radmila_stojkova@yahoo.com
__________________________________________________________________
Градежен инспектор: Орце Петковски
Е-маил адреса:orce.petkovski@gmail.com
__________________________________________________________________
Комунален инспектор: Иван Пешевски
Е-маил адреса:ivan_pesevski@yahoo.com
__________________________________________________________________
Одделение за финансиски прашања
Надлежност и ингеренции на одделението:
- наплата на даноци и комунални такси
- буџет, буџетско и даночно книговодство
- финансиско-сметководтствени работи
- локален економски развој
- извршување на даночни решенија
Одделение за правни, општи работи и јавни дејности
Надлежност и ингеренции на одделението:
- подготвува акти за советот и градоначалникот;
- ги подготвува седниците на советот и седниците на неговите комисии и други работни тела и учествува во нивната работа;
- врши стручни работи за советот и градоначалникот;
- доставува информации и податоци во врска со активностите на советот, комисиите и другите работни тела врз основа на закон;
- изготвува акти за потребите на органите на општината;
- врши компјутерска обработка на материјалите за седниците на советот, комисиите и другите работни тела на Советот на општината;
- врши и други работи што ќе бидат ставени во негова надлежност
Одделение за урбанизам,комунални работи и заштита на животната средина и ЛЕР, Раководител Цане Анчов
Е-маил адреса: cane_ancov@opstinakratovo.gov.mk
Надлежност и ингеренции на одделението:
- Урбанистичкото (урбано и рурално) планирање
- издавањето на одобрение за градење на објекти од локално значење утврдени со закон
- уредувањето на просторот и
- уредувањето на градежното земјиште
Контакт е-маил адреси по одделенија:
danocno_kratovo@opstinakratovo.gov.mk
knigovodstvo_kratovo@opstinakratovo.gov.mk
Територијалната противпожарна единица на општина Кратово ги врши следните работи:
– Изготвување на планови и програми за заштита на лица, имот и добра од пожари;
– Организирање на противпожарна заштита;
– Гаснење на пожари;
– Одржување и употреба на уреди, опрема и средства за гаснење на пожари;
– Спасување на животи на граѓани и заштита на имоти загрозени од пожари и експлозии;
– Укажување на техничка помош при незгоди и опасни ситуации;
– Извршување на други работи при несреќи и непогоди;



