Прашалник за потребите на младите во Кратово
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfJd7y87M7WUBpnmT4jGVCY9KzVhLwVhLh5UoKbnBp0KQZiKA/viewform
Годишен извештај за работа на Локален младински совет на Општина Кратово:
Годишна програма за работа на Локален младински совет на Општина Кратово
(јануари 2023 – декември 2023) → ЛМС – годишна програма 2023
(јануари 2022 – декември 2022) → ЛМС – годишна програма 2022
⇒ Локалниот младински совет спроведе истражување на младите од Кратово за нивните потреби и идеи. Резултатите од истражувањето ќе бидат искористени со единствена цел, а тоа е да ги насочи активностите на ЛМС во текот на престојната година.
⇒ Извештај од спроведеното истражување за потребите и ставовите на младите во Општина Кратово → Извештај-од-истражување #КажиСиНашиСмо
⇒Извештај од Јавна дискусија → Извештај од јавна дискусија #КажиСиНашиСмо
Локалниот младински совет на општина Кратово се состои од вкупно 5 (пет) члена. Членовите се изберени по пат на избор по доставени апликации на јавен повик за предлагање на кандидати за избор на членови на локален младински совет на Општина Кратово. Решението за избор и именување на членови на локалниот младински совет е донесено од страна на Советот на општината на ден 15.3.2021 година.
Локалниот младински совет е волонтерска група која има советодавна улога во општината за прашања поврзани со младите. Нивната работа се заснова на повеќе правни акти, меѓу кои како најосновен се зема Законот за младинско учество и младински политики, а воедно се ослонуваат и на Националната стратегија за млади (2016 – 2025). Но, во секој случај гласот, потребите и интересите на локалните млади ќе биде еден од најзначаjните алатки кои Советот треба да ги користи за неговото функционирање.
Според Законот за младинско учество и младински политики претставниците на локалниот младински совет имаат право да:
- Предлагаат точки на дневен ред на Советот на општините кои ги засегаат младите,
- Иницираат прашања за млади од делокругот на работата на општините;
- Иницираат, учествуваат и даваат повратни информации за процесот на локална младинска стратегија и други политики;
- Доставуваат информации до општините за прашања кои се однесуваат на младите и
- Вршат други советодавни и застапувачки работи во согласност со овој закон.
Членовите на алктуелниот локален младински совет се:
- Младен Мицевски – претседател
- Моника Стојановска – заменик претседател
- Стефан Трајков – член
- Дарко Спасовски – член
- Никола Мишевски – член
Членовите на локалниот младински совет имаат мандат од две години со право на уште еден избор.
Во продолжение, накратко се претставени членовите на локалниот младински совет.
Младен Мицевски (26) е член на Локалниот Младински Совет на Општина Кратово, а воедно ја има и улогата на Претседател на Советот. Дипломирал угостителски менаџмент, магистранд по Меѓународен туризам, а моментално работи како наставник по стручни предмети од угостителско-туристичка струка.
Повеќе од 12 години волонтира во невладиниот сектор, пред сè во младински организации и учествува во младински проекти. Неговото искуството во младинскиот активизам започнува во Локалниот Младински Клуб „Млади иницијативни кратовчани“ во Кратово поддржан од Младински образовен форум (МОФ), продолжува со улогата на претседател на ученичката заедница во СОУ „Митко Пенџуклиски“ – Кратово и претседател на студентскиот сојуз при Факултетот за туризам и бизнис логистика во рамки на Студентскиот парламент на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.
Негови хобија се патувањето, пешачењето, готвењето, истражувањето и долгите разговори. Филм кој му оставил длабок впечаток е „Interstellar“.
Неговата визија е дека младите ќе го подобрат општеството, па затоа и професионално се фокусира на младинскиот напредок, поконкретно на нивното професионално и општествено реализирање.
Моника Стојановска (20) е член на Локалниот младински совет на Општина Кратово и избрана да се носи со улогата заменик претседател. Студент е на департман маркетинг, Економски факултет-Скопје.
Голем дел од адолесценцијата има поминато истражувајќи други и досега непознати култури, стекнувајќи се со знаење. Голема пасија има кон книжевноста и странските јазици.
Како најголемо хоби, а воедно и начин за надоградување на знаењата е постојаното читање на дела на светски познати автори.
Лични карактеристики, лесно претпознатливи кај Моника се организираноста, креативноста, желбата за постојан напредок. Иднината е во младите е често кажувана изрека, а воедно и основен мотиватор на овој член да превземе иницијатива за подобрување на животот на младите во општината.
Никола Мишевски (24) е член на Локалниот младински совет на Кратово. Студира на ФИНКИ и се карактеризира како пријателска личност која сака да учи од другите и да помага на други со тоа што го знае.
Никола има повеќегодишно волонтерско учество во повеќе граѓански и младински организации меѓу кои ЗГ „РЦОР“ и МОФ. Во моментот волонтира во МОФ и е предавач на Дебатната програма.
Хоби му е гледање серии и повремено играње на кошорка.
Филм кој му има оставено најголем впечаток е „In Time“ кој раскажува приказна во која луѓето користат време како валута и ни покажува дека времето е највредниот ресурс кој го имаме.
Причина поради која се пријавил за член на Локалниот младински совет е тоа што мисли дека може да придонесе во неформалното образование на младите, нивната општа состојба и услови на ниво на општина.
Стефан Трајков (24) е член на Локалниот младински совет на Кратово.
Стефан е повеќегодишен судија и тренер по дебата во дебатниот клуб на Младинскиот образовен форум. Во текот на неговото волонтирање во младински организации, тој има посетено неколку обуки за младински активизам и младински политики.
Хобија му се велосипедизам и планинарење.
Мотивацијата да се пријави за членство во локалниот младински совет му е поттикнување нови и алтернативни активности за младите како и зголемено учество во носењето одлуки од кои се засегнати.
Дарко Спасовски (22) e член на Локалниот младински совет на Кратово. Средното образование го има завршено во Електротехничкото срeдно училиште „Михајло Пупин” во Скопје – образовен профил КТА (Компјутерска техника и автоматика).Тој има реализиранопрактична настава во Hi-Tech корпорацијата.
Даркомоментално студира Индустриски дизајн на Машинскиот факултет во Скопје.Тој има работено на повеќе проекти како Графички и 3Д дизајнер и има учествувано на неколку изложби и натпревари.
Дарко е амбициозен, мотивиран и го користи неговиот позитивен карактер и енергија да ги потикне другите да работат ефикасно и брзо. Тој постојано бара нови предизвици за да се збогати со повеќе знаење и искуства.



