Врз основа на член 113 став 1 од Законот за животна средина (Сл.весник на РМ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15 и 129/15), Градоначалникот на општина Кратово
ОБЈАВУВА
Б-ИНТЕГРИРАНА ЕКОЛОШКА ДОЗВОЛА
Градоначалникот на Општина Кратово донесе Решение за издавање на Б – интегрирана еколошка дозвола
за
Друштво за рударство и градежништво СИЛЕКС НЕМЕТАЛИ СТ ДООЕЛ Кратово, ул.„Гоце Делчев“ бр.78, Кратово.
Адреса на инсталацијата: м.в.Шеинов вир, КО Кетеново Општина Кратово
Б-интегрираната еколошка дозвола ќе биде достапна и во просториите на Општина Кратово, Одделение за урбанизам, комунални работи, заштита на животната средина и ЛЕР, секој работен ден од 8 до 16 часот.
Жалби против Решението може да се поднесат до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавување.
Б-ИНТЕГРИРАНА ЕКОЛОШКА ДОЗВОЛА за ДРГ Силекс Неметали СТ ДООЕЛ Кратово: Б-интегрирана еколошка дозвола
Врз основа на член 99 став 1 и член 122 став 4 од Законот за животна средина („Сл.весник на Република Македонија“ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 51/11, 23/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 28/18, 65/18 и 99/18), Градоначалникот на Општина Кратово
О Б Ј А В У В А
Барање за добивање на Б-интегрирана еколошка дозвола
Врз основа на член 124 од Законот за животна средина („Сл.весник на Република Македонија“ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 28/18, 65/18 и 99/18) до Градоначалникот на Општина Кратово, доставено е барање за добивање Б-интегрирана еколошка дозвола (бр.УП 12-49 од 21.02.2022година).
Подносител на барањето:Друштво за преработка на пластични маси и хемикалии и градежништво СИЛПЕН СТ ДООЕЛ КРАТОВО.
Локација на инсталацијата:
с.Трновац, Кратово, локацијата е определна со следните географски координати:
Север 42º02и13ии, Исток 21017и45ии
Контакт лице:Александра Величковска – 078/318/579
Категорија на инсталација:
- Хемиска индустрија
4.1. Сечење на полиуретанска пена или полиуретански еластомер со загреана жица
Проектиран капацитет: 5000 т/год.
Барањето со целокупната документација ќе биде достапно за увид во рок од 15 дена од денот на објавување на барањето во еден дневен весник, во просториите на Општина Кратово – Одделение за урбанизам, комунални работи, заштита на животна средина и лер, секој работен ден од 730 до 1530 часот, како и на веб-страницата на Општина Кратово www.opstinakratovo.gov.mk
Заинтересираната јавност во рок од 30 дена од денот на објавување на барањето во дневен весник, има право да достави мислење и коментари во врска со барањето во писмена форма до Градоначалникот на Општина Кратово, Плоштад Павел Шатев бр.1 1360, Кратово.
Објава на барање за добивање на Б-интегрирана еколошка дозвола



