Градоначалник на општина Кратово
Тодорче Николовски
Роден на ден: 29.06.1981 година во Кратово
Националност: Македонец
Образование: Висока стручна спрема VII/1, Правен факултет – правни студии, Дипломиран правник – положен правосуден испит
Работно искуство:
2005-2008 година – правник во правната служба на РИК Силекс АД Кратово;
2008-2012 година – управител на Друштво за обезбедување на лица и имот Силфор ДООЕЛ Кратово;
2012 – 2014 година – Општина Кратово, Раководител на Одделение за правни, општи работи и јавни дејности;
2014-2018 година – Директор на ЈП Хидросистем Злетовица Пробиштип
2018-2021 година – Општина Кратово, Раководител на Одделение за правни, општи работи и јавни дејности;
Семеен статус: Во брак со д-р Даниела Николовска, родител на две малолетни деца
Градоначалник
Член 31
Градоначалникот ги врши своите надлежностите во рамките утврдени со закон и овој Статут.
Член 32
Градоначалникот присуствува и учествува во работата на седниците на Советот, а по потреба и на седниците на комисиите на Советот и посебните тела на Општината, без право на одлучување.
Градоначалникот може да определи и свои претставници кои ќe присуствуваат и учествуваат во работата на седниците на Советот, неговите комисии и посебните тела на Општината.
Член 33
Градоначалникот по сопствена иницијатива и по барање на Советот, го известува Советот за извршување поодделни работи од негова надлежност.
Член 34
Градоначалникот обезбедува правилно и законито користење, одржување и заштита на сопственоста на Општината.
Градоначалникот управува со сопственоста на Општината во јавен интерес и како добар домаќин.
Градоначалникот е должен, во управувањето со сопственоста на Општината, да презема мерки и да го обезбедува користењето, одржувањето и заштитата на сопственоста на Општината во согласност со закон.
Член 35
Градоначалникот соработува со градоначалниците на другите општини по прашања од заеднички интерес од надлежност на општините.
Член 36
Градоначалникот со решение определува член на Советот кој ќе го заменува за време на спреченост или отсуство.
Решението од став 1 на овој член градоначалникот го донесува во рок од 30 дена од денот на преземањето на функцијата.
Решението од став 1 на овој член се објавува во „Службениот гласник на Општината“.
За настапувањето на спреченоста или отсуството, градоначалникот го известува претседателот на Советот и членот на Советот кој ќе го заменува. (Од статутот на општина Кратово)



