Превземете ги информациите за советот на Општина Кратово во PDF формат.
Конституирање
По спроведените локални избори одржани во 2021 година е конституиран Советот на општина Кратово на ден 09.11.2021 година кога е донесена Одлука за верификација на мандатот на членовите на Советот кои беа избрани на спроведените избори на начин утврден со закон и со давање и потпишување на свечената изјава со содржина утврдена со закон.
Согласно Статутот на општина Кратово верификацијата на мандатите на членовите на Советот се врши на првата конститутивна седница на Советот, по предлог на Комисија за прашања на верификација, избори и менувања што се формира на почетокот на седницата од редот на новоизбраните членови на Советот. Верификацијата на мандатите на членовите на Советот кои не биле присутни на првата седница на Советот, ја врши Советот на првата наредна седница на којашто ќе присуствуваат. Постапката за верификација на мандатите на членовите на Советот поблиску се уредува со Деловникот.
Согласно Деловникот на Советот на општина Кратово конституирањето на Советот се врши на првата конститутивна седница на Советот со којашто претседава најстариот член на Советот се до изборот на Претседател на Советот, а првата конститутивна седница ја свикува поранешниот Претседател на Советот. Советот е конституиран доколку на конститутивната седница присуствуваат и им се верификуваат мандатите на мнозинството од вкупниот број членови на Советот, по предлог на Комисијата за прашања на верификација, избори и именувања. Комисијата за прашања на верификација, избори и именувања ја избира Советот од редот на членовите на кои врз основа на постигнатите изборни резултати, Општинската изборна комисија им издала решенија за извршениот избор на последните локални избори. Комисијата за прашања на верификација, избори и именувања може да оспори решенија издадени од Општинската изборна комисија, за избор на одделни членови на Советот и да предложи верификација на мандатот да се одложи заради утврдување дали тие се издадени согласно постигнатите изборни резултати на учесниците. Комисијата за прашања на верификација, избори и именувања може да предложи одлагање на верификацијата на мандатот на одделен член на Советот, и заради што:
- со сигурност не може да се утврди неговиот идентитет (исто име и презиме со други личности)
- постојат индиции за можна неспојливост на функцијата (вработен е во општинската администрација или презел функција или должност која со закон е утврдена како неспојлива со функцијата член на Советот)
- настапила фактичка неможност за верификација на мандатот под услови утврдени со закон (во случај на смрт, престанок на жителството во општината, правосилна пресуда за кривично дело или донесено решение за одземање на деловната способност)
Комисијата за прашања на верификација, избори и именувања му поднесува извештај на Советот со предлог на кои членови на Советот треба да им се верификуваат мандатите, а на кои треба да се одложи верификацијата на мандатите. Советот со мнозинство гласови од вкупниот број членови на Советот одделно по предлогот на Комисијата за прашања на верификација, избори и именувања донесува Одлука за верификација на мандатот на присутните членови на Советот. Советот со мнозинство гласови на вкупниот број членови на Советот, одлучува за секој предлог на Комисијата за прашања на верификација, избори и именувања, за одлагањето на верификацијата на мандатот на членови на Советот. Доколку предлогот за одлагање на верификацијата на мандатот не го добие потребното мнозинство се смета дека Советот го верификувал мандатот на членот на Советот, чие одлагање се барало. Одлагањето на верификацијата на одделни мандати по предлог на Комисијата за прашања на верификација, избори и именувања не може да биде подолго од 2 месеци. Член на Советот чиј мандат е оспорен или чија верификација е одложена, има право да присуствува на седница на Советот и да учествува во работата, без право на одлучување.
Советот на општина Кратово брои 15 советници
Претседател на Советот на општина Кратово е: Весна Петрова – ВМРО ДПМНЕ
Адреса: „Првомајска“ бр.23 Кратово
Контакт Телефон: 078 255 266
Другите Членови на Советот на општина Кратово се:
Радослава Костадинова – СДСМ |
Адреса: Гоце Делчев бр. Ц-7 Кратово
Контакт Телефон:078 380195 Е-маил адреса: kostadinovaradoslava@yahoo.com |
Никола Коњановски – СПМ |
Адреса: 3-та Македонска Ударна Бригада бб Кратово
Контакт Телефон:078 373 232 Е-маил адреса: konjanovski@gmail.com |
Трајче Пицанов – ВМРО ДПМНЕ |
Адреса: „Јосиф Даскалов“ бр.81
Контакт Телефон: 072 931 978 Е-маил адреса: trajce.picanov@hotmail.com
|
Македонка Ангеловска – Независна листа |
Адреса: „Михајло Апостолски“ бр.5 – Кратово
Контакт Телефон: 070 441 741 Е-маил адреса: makedonkaangelovska@yahoo.com |
Христина Спировска – СДСМ |
Адреса: „Јосиф Даскалов“ бр.92 – Кратово
Контакт Телефон:070 937 863 Е-маил адреса: tinakratovo@gmail.com |
Маја Јакимова – СПМ |
Адреса: „Карши Бавча“ бр.3 – Кратовo
Контакт Телефон: 071 661 301 Е-маил адреса: jakimovamaja1@gmail.com |
Љупчо Лазаровски – ВМРО ДПМНЕ |
Адреса: „Михајло Апостолски“ бр. 24 – Кратово
Контакт Телефон: 075 584 955 Е-маил адреса: Ljupco_L@yahoo.com |
Јорданчо Лазаревски – СДСМ |
Адреса: „Христијан Карпош“ бр.8 – Кратово
Контакт Телефон: 070 318 819 Е-маил адреса: interjord@yahoo.com |
Зоран Арсовски – СПМ |
Адреса: „Лисец“ бб – Кратово
Контакт Телефон: 078 323 368 Е-маил адреса: zoranarsovski1989@gmail.com |
Славче Колевски – Независна листа |
Адреса: „6-ти Септември“ бр. 28 – Кратово
Контакт Телефон: 070 892 252 Е-маил адреса: slavcekolevski@gmail.com |
Мартин Милевски – СДСМ |
Адреса: „Гоце Делчев“ бр. Ц-3 – Кратово
Контакт Телефон: 078 287 680 Е-маил адреса: martinmilevski@gmail.com |
Ванчо Ангеловски – ВМРО ДПМНЕ |
Адреса: „Гоце Делчев“ бр.107 – Кратово
Контакт Телефон: 070 824 178 Е-маил адреса: vanco.angelovski@hotmail.com |
Тони Чочевски – СПМ |
Адреса: „Никола Тесла“ бб – Кратово
Контакт Телефон: 078 319 478 Е-маил адреса: tonichochevski@gmail.com |
Иванка Митевска – СДСМ |
Адреса: „Цветко Тонев“ бр.21 – Кратово
Контакт Телефон: 078 315 987 Е-маил адреса: ivanka.koleva@yahoo.com |



