Локална Самоуправа
 
 
 
Актуелни Вести и Соопштенија
 

Панихида во чест 61-та годишнина од смртта на Павел Шатев
30.01.2012
 

         Локалната Самоуправа на општина Кратово и Музејот на град Кратово денес 30-ти јануари пред спомен бистата во Кратово, со Панихида ја одбележаа 61-годишнина од смртта на првиот преживеан гемиџија и прв министер за правосудство на Македонија Павел Шатев.

       По тој повод беше одржана богослужба и беше положено свежо цвеќе од страна на претставници на ЛС на општина Кратово, Сојузот на Борците и младинци од ООУ,,Кочо Рацин,, и СОУ,,Митко Пенџуклиски,, од Кратово. Потоа во изложбениот салон на Музејот на град Кратово, на свечен начин беше отворена изложба на слики и фотографии на тема - Ликот и делото на Павел Шатев.

 

      Пред присутните граѓани претставници од институциите во градот и младите за Ликот и делото на Павел Шатев , зборуваше Професор Тодор Коцевски, автор на Книгата ,,Хронологија за животот и делото на Павел Поцев Шатев 1882-1951,,.

 
 
 
Останати новости и соопштенија:
 
 
 
 
Дополнителни Информации
 
 
Oпштина Кратово, изработка 2007. Сите права се задржани
Изработка и Хостирање: UnetInteractive