Локална Самоуправа
 
 
 
Актуелни Вести и Соопштенија
 

Одлука и SEA формулар
13.02.2012
 
      

         Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина (,,Службен весник на Република Македонија,, бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10 и 52/11), Градоначалник на општина Кратово , на ден 09.02.2012 година , донесе

Одлука за неспроведување на стратегиска оцена

1.За планскиот документ Измена и дополна на Генерален урбанистички план за дел од Урбана единица 2,Урбан блок 8,локалитет *Царина* , КО Кратово кој се носи согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина.

2.Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспоредување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина www.opstinakratovo.gov.mk.

3.Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животна средина од член 65 став(4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата, содржината и образецот на одлуката за спроведување односно неспоредување на стратегиска оцена и на формуларите за потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена донесувањето на планскиот документ Измена и дополна на Генерален урбанистички план за дел од Урбана единица 2, Урбан блок 8, локалитет *Царина*, КО Кратово нема да има влијание врз животната средина од следните причини:Станува збор за релативно мала површина (0,44 ха), намената на просторот е домување во станбени згради кое нема да предизвика значајни влијанија врз животната средина, бидејќи и досегашното опкружување на предметниот опфат претставува домување во семејни куќи и досега не се индентификувани негативни ефекти од нивното функционирање, а согласно член 65 став 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за животна средина (Сл.весник бр.51/11) се одредува користење на мала област од локално значење,мала измена на плански документи, нема значајни влијанија врз животната средина и врз здравјето на луѓето.

4.Против оваа одлука може да се поднесе жалба до Министерот за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.
 
Бр.08-__________                                                                                                                                         Име и презиме

Место Кратово                                                                                                                                       с.р.Мите Андоновски

 

SEA формулар userfiles/file/SEA formular.doc

 
 
 
Останати новости и соопштенија:
 
 
 
 
Дополнителни Информации
 
 
Oпштина Кратово, изработка 2007. Сите права се задржани
Изработка и Хостирање: UnetInteractive