Локална Самоуправа
 
 
 
Општина Кратово - Основни Податоци
 

Превземете ги информациите за Општина Кратово во PDF формат.
 
Профил на општина Кратово

Општината Кратово е сместена во Североисточниот дел на Република Македонија помеѓу општините Крива Паланка, Пробиштип, Свети Николе, Куманово и Кочани, и низ нејзината територија протекуваат две поголеми реки: Злетовска и Крива Река. Градот Кратово е еден од најстарите градови во Р.Македонија и на Балканот сместен во грлото на еден изгаснат вулкан во Осоговските планини,распространет на бреговите од три мали реки. Општината е сместена помеѓу 42 степени и 42степен и 1 минута северна географска ширина, и 22 степени и 22 степени и 27 минути источна географска должина, со средна надморска висина од 1000 м. Целокупната општина е со мошне разнолична конфигурација на теренот: од најниски полиња и рамнини до високи планини што го условува и целокупното живеење како и стопанската активност на населението.

Општината Кратово граничи со општините: Куманово,Крива Паланка, Свети Николе, Пробиштип и Кочани и спаѓа во помалите општини во Република Македонија со околу 10.500 жители, а по територија зафаќа 376 километри квадратни.

Општината Кратово ја сочинуваат градот и 31 населено место: Шлегово, Приковци, Железница, Туралево, Живалево, Филиповци, Сакулица, Вакаф, Шопско Рудари, Татомир, Коњух, Пендаќ, Страцин, Трновац, Крилатица, Талашманци, Куклица, Кетеново, Тополовиќ, Горно Кратово, Не-жилово, Каврак, Кнежево, Емирица, Којково, Мушково, Куново, Луково и Близанци.

Од Вкупната површина 37.623 ха, земјоделско земјиште е 22.227 ха од кое обработливо земјиште е 8986 ха и тоа во ридско-планинското подрачје структурата на земјиштето е:
  • под шуми околу 1065 хектари
  • под пасишта околу 3034 хектари
  • под обработлива површина околу 1734 хектари.
Структурата на земјиштето во полското подрачје е следната:
  • обработлива површина околу 9066 хектари
  • необработлива површина околу 920 хектари
 
 Структура на земјиштето  Процентуална застапеност
 Под шуми  12000 хектари (34%)
 Под пасишта  12200 хектари (35%)
 Обработливи површини  10800 хектари< (30%)
 Необработливи површини  2600 хектари (1%)
Процентуална застапеност на земјиштето во општината
 
Структура на земјиште
Државна сопственост %
Приватна сопственост %
 Шуми
52
48
 Пасишта
48
52
 Обработливи пов.
8
92
Процентуална застапеност на сопственоста на земјиштето во општината
 
Подрачјето на општината Кратово се одликува со умерено континентална до планинска клима со умерено топли лета и умерено студени и влажни зими. Средната годишна температура е околу 11,3oС степени, со максимална температура од 38oС а минимална од -16,5oС.
 
 

Превземете ги информациите за Општина Кратово во PDF формат.
 
 
 
Дополнителни Информации
Економија и Финансии
Здравство и Социјала
Култура
Јавни Набавки
Сообраќајни Врски
Претпријатија
Екологија
 
 
 
Oпштина Кратово, изработка 2007. Сите права се задржани
Изработка и Хостирање: UnetInteractive