Локална Самоуправа
 
 
 
Општина Кратово - Совет на Општината
 

Превземете ги информациите за советот на Општина Кратово во PDF формат.
 
Конституирање

По спроведените локални избори одржани во 2005 година е конституиран Советот на општина Кратово на ден 16.04.2005 година кога е донесена Одлука за верификација на мандатот на членовите на Советот кои беа избрани на спроведените избори на начин утврден со закон и со давање и потпишување на свечената изјава со содржина утврдена со закон.

Согласно Статутот на општина Кратово верификацијата на мандатите на членовите на Советот се врши на првата конститутивна седница на Советот, по предлог на Комисија за прашања на верификација, избори и менувања што се формира на почетокот на седницата од редот на новоизбраните членови на Советот. Верификацијата на мандатите на членовите на Советот кои не биле присутни на првата седница на Советот, ја врши Советот на првата наредна седница на којашто ќе присуствуваат. Постапката за верификација на мандатите на членовите на Советот поблиску се уредува со Деловникот.

Согласно Деловникот на Советот на општина Кратово конституирањето на Советот се врши на првата конститутивна седница на Советот со којашто претседава најстариот член на Советот се до изборот на Претседател на Советот, а првата конститутивна седница ја свикува поранешниот Претседател на Советот. Советот е конституиран доколку на конститутивната седница присуствуваат и им се верификуваат мандатите на мнозинството од вкупниот број членови на Советот, по предлог на Комисијата за прашања на верификација, избори и именувања. Комисијата за прашања на верификација, избори и именувања ја избира Советот од редот на членовите на кои врз основа на постигнатите изборни резултати, Општинската изборна комисија им издала решенија за извршениот избор на последните локални избори. Комисијата за прашања на верификација, избори и именувања може да оспори решенија издадени од Општинската изборна комисија, за избор на одделни членови на Советот и да предложи верификација на мандатот да се одложи заради утврдување дали тие се издадени согласно постигнатите изборни резултати на учесниците. Комисијата за прашања на верификација, избори и именувања може да предложи одлагање на верификацијата на мандатот на одделен член на Советот, и заради што:
  • со сигурност не може да се утврди неговиот идентитет (исто име и презиме со други личности)
  • постојат индиции за можна неспојливост на функцијата (вработен е во општинската администрација или презел функција или должност која со закон е утврдена како неспојлива со функцијата член на Советот)
  • настапила фактичка неможност за верификација на мандатот под услови утврдени со закон (во случај на смрт, престанок на жителството во општината, правосилна пресуда за кривично дело или донесено решение за одземање на деловната способност)
Комисијата за прашања на верификација, избори и именувања му поднесува извештај на Советот со предлог на кои членови на Советот треба да им се верификуваат мандатите, а на кои треба да се одложи верификацијата на мандатите. Советот со мнозинство гласови од вкупниот број членови на Советот одделно по предлогот на Комисијата за прашања на верификација, избори и именувања донесува Одлука за верификација на мандатот на присутните членови на Советот. Советот со мнозинство гласови на вкупниот број членови на Советот, одлучува за секој предлог на Комисијата за прашања на верификација, избори и именувања, за одлагањето на верификацијата на мандатот на членови на Советот. Доколку предлогот за одлагање на верификацијата на мандатот не го добие потребното мнозинство се смета дека Советот го верификувал мандатот на членот на Советот, чие одлагање се барало. Одлагањето на верификацијата на одделни мандати по предлог на Комисијата за прашања на верификација, избори и именувања не може да биде подолго од 2 месеци. Член на Советот чиј мандат е оспорен или чија верификација е одложена, има право да присуствува на седница на Советот И да учествува во работата, без право на одлучување.
 
Локална Самоуправа на Општина Кратово
Организациона Шема на Општинската Администрација
 
 
Советот на општина Кратово брои 15 советници
 
Претседател на Советот на општина Кратово е:
  • Марјанчо Колевски-ВМРО-ДПМНЕ
    телефон за контакт моб. 070/585-614 и 070/387-251
 
Другите Членови на Советот на општина Кратово се:
  • Анита Цветановска-ВМРО-ДПМНЕ
    ф.тел. 031/482-042 моб. 075/258-822
  • Стојан Миланов-Социјалистичка партија на Македонија
    ф.тел. 031/481-180 моб. 070-233-148 и 075/440-628
  • Тихомир Николовски-Социјалдемократски сојуз на Македонија
    ф.тел.дома 031/481-477 работа 031/483-805 моб.075/424-208
  • Васе Ампов-ВМРО-Народна партија
    ф.тел. 031/482-404, 481-173 моб.070/236-898
  • Гордана Накова-Социјалистичка партија на Македонија
    ф.тел. 031/482-454 моб.070/658-540 и 070/704-492
  • Добре Иванов-Социјалистичка партија на Македонија
    ф.тел. 031/481-481 моб. 070/231-231
  • Душко Павловски-Социјалдемократски сојуз на Македонија
    ф.тел. 031/481-187 моб. 070/236-911
  • Давчо Митевски-Независен советник
    ф.тел. 031/482-017 моб. 070/800-423
  • Елица Лазаревска-ВМРО-Македонска
    ф.тел.дома 031/481-236 работа 031/483-369 моб.075/258-822
  • Илија Митевски-Либерално демократска партија
    ф.тел. 031/481-787 моб. 070/959-696
  • Марина Бојковска-Социјалдемократски сојуз на Македонија
    ф.тел. 031/481-822 моб. 071/364-452, 070/674-085
  • Сашо Ѓеорѓиевски-ВМРО-ДПМНЕ
    моб. 071/ 226-640, 070/538-028
  • Михаил Цветков-Социјалитичка партија на Македонија
    ф.тел. 031/481-180 моб.070/441-926, 071/483-371, 071/340-628
  • Андријана Јованова-Социјалистичка партија на Македонија
    ф.тел. 031/481-116 моб. 075/475-016
 

Превземете ги информациите за советот на Општина Кратово во PDF формат.
 
 
 
Дополнителни Информации
Економија и Финансии
Здравство и Социјала
Култура
Јавни Набавки
Сообраќајни Врски
Претпријатија
Екологија
 
 
 
Oпштина Кратово, изработка 2007. Сите права се задржани
Изработка и Хостирање: UnetInteractive