Г

Градоначалникот на општина Кратово на сите граѓани им ги честита Новогодишните и Божиќните празници со желби за среќна, успешна и бериќетна 2018 година !!!

Градоначалникот на општина Кратово на сите граѓани им ги честита Новогодишните и Божиќните празници со желби за среќна, успешна и бериќетна 2018 година !!!

МАЛ БОЖИЌЕН КОНЦЕРТ „ХИМНИ НА РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО“

МАЛ БОЖИЌЕН КОНЦЕРТ „ХИМНИ НА РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО“ 05.01.2018 година 13.00 часот Мултимедијален центар (Кино сала) – Кратово Веќе шеста година по ред, во организација на Општина Кратово традиционално се одржува  Мал Божиќен Концерт „Химни на Рождество Христово“ И оваа година овој духовно – културен настан ќе понуди богата програма составена од песнопенија посветени на големиот …

МАЛ БОЖИЌЕН КОНЦЕРТ „ХИМНИ НА РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО“ Види повеќе »

Дневен ред за шестата седница на Совет на општина Кратово

Врз основа на член 39 став 1 и 2 и член 48 став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/2002), а согласно член 25 од Статутот на општина Кратово и член 35 од Деловникот на Советот на општина Кратово, донесувам РЕШЕНИЕ за свикување на шестата седница на Советот на општина Кратово Ја свикувам …

Дневен ред за шестата седница на Совет на општина Кратово Види повеќе »

Промоција на „Духот на Североистокот“- Готвач на традиционални рецепти од Североисточниот плански регион

Центарот за развој на Североисточниот плански регион (ЦРСИПР) и Платформата за рурален развој (ПРРА), во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) изработија готвач, збирка на 30 рецепти за подготовка на јадења типични за овој регион, со цел да ги промовира традиционалните јадења од регионот меѓу локалните ресторани и приватни угостители/туристички објекти и …

Промоција на „Духот на Североистокот“- Готвач на традиционални рецепти од Североисточниот плански регион Види повеќе »

Средба на Градоначалникот д-р Љупчо Бојаџиев со извршниот претседател на „Генезис рисорсис“

Градоначалникот на општина Кратово д-р Љупчо Бојаџиев во неговиот кабинет денеска оствари средба со извршниот претседател на австралиската компанија „Генезис рисорсис“ со г-дин Еди Панг

Понеделник (25.12.2017 година) од 9 часот Крводарителска акција во општина Кратово

Институтот за трансфузиона медицина на Република Македонија и Градоначалникот на општина Кратово Ве известуваат дека на 25-ти Декември – понеделник од 09 до 15 часот ќе одржи крводарителска акција во просториите на општинската зграда – во салата за состаноци. Општината ги повикува сите заинтересирани хумани граѓани да се вклучат во оваа акција, да даруваат крв …

Понеделник (25.12.2017 година) од 9 часот Крводарителска акција во општина Кратово Види повеќе »

ЕВН КЕЦ Кратово-Известување за планиран прекин на електрична енергија

ЕВН КЕЦ Кратово, известува дека среда, 20-ти декември, без снабдување со електрична енергија ќе останат корисниците кои што се наоѓаат на улица Свети Ѓорѓи Кратовски во период од 9.30 до 14.30 часот. Прекинот е заради превземање на технички зафати во НН мрежата за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците.

Ново осветлување во центарот на градот

Осветлен е Плоштадот во градот и двата 6 вековни борови сместени во центарот на градот односно во местото викано „Карши бавча“  – следува осветлување на двата моста во центарот на градот и турскиот затвор. Општина и градоначалник во корист на граѓаните и многу други проекти во наредниот период за подобар живот во Кратово.

Известување до граѓаните од Силком ДООЕЛ Кратово за ден 07.12.2017 год

Ве известуваме дека во текот на денешниот ден 07.12.2017 (четврток) протокот на водата за во градската мрежа течеше без прекин со редовно хлорирање. Сите параметри кои ги анализираме, како што се матноста, pH, електролитна спроводливост, температура и резидуален хлор се во рамките на дозволеното како на сировата вода така и на преработена вода од резервоари …

Известување до граѓаните од Силком ДООЕЛ Кратово за ден 07.12.2017 год Види повеќе »

Компиријада Кратово 2017

Промоција, презентација и дегустација на земјоделските и гастрономски обележја на Кратово, придружено со богата културно – забавна програма и многубројни активности Компиријада – Кратово 2017 на ден 16.12.2017 година (сабота) во 11 часот на Градскиот Плоштад

Дневен ред за петтата седница на Совет на општина Кратово

Врз основа на член 39 став 1 и 2 и член 48 став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/2002), а согласно член 25 од Статутот на општина Кратово и член 35 од Деловникот на Советот на општина Кратово, донесувам РЕШЕНИЕ за свикување на петтата седница на Советот на општина Кратово Ја свикувам …

Дневен ред за петтата седница на Совет на општина Кратово Види повеќе »

Известување до граѓаните од Силком ДООЕЛ Кратово

Известување за состојбата за водата во град Кратово од Силком ДООЕЛ Кратово Во текот на денешниот ден – среда (06.12.2017 год.) протокот на водата за во градската мрежа течеше без прекин со редовно хлорирање. Сите параметри кои ги анализиравме, како што се матноста, pH, електролитна спроводливост, температура и резидуален хлор, се во рамките на дозволеното …

Известување до граѓаните од Силком ДООЕЛ Кратово Види повеќе »

3-ти Декември, Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби

По повод 3-ти Декември, Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби во Дневниот центар за престој на лица со попреченост во Кратово кој работи во рамките на ЈУ Ценатр за социјални работи-Кратово, ги посети денеска Градоначалникот на општина Кратово д-р Љупчо Бојаџиев кој донираше пригодни подароци за секое дете. На одбележувањето на денот покрај родителите беа …

3-ти Декември, Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби Види повеќе »

Претставување на проектот: „Јавни информации достапни за лицата со попреченост“

Дeнеска на јавната дебата во Кратово здружението ИНКЛУЗИВА и општина Кратово потпишаа Меморандум за соработка.  По претставување на проектот: „Јавни информации достапни за лицата со попреченост“, претставниците на Инклузива го презентираа извештајот од истражувањето за пристапноста на веб страниците во овој регион, како и препораките за адаптација за достапност за лица со различен вид на …

Претставување на проектот: „Јавни информации достапни за лицата со попреченост“ Види повеќе »

‘’Децентрализацијата повторно во фокус”

Продлабочување на соработката со постојаниот претставник на UNDP Луиза Винтон и Амбасадорот на ЕУ Самуел Жбогар договорена идна конкретна соработка на проекти од значење за граѓаните на град Кратовo.

Средба на Градоначалникот д-р Љупчо Бојаџиев со Амбасадорот на Р.Словенија во РМ проф. д-р Милан Јазбец

Средба на Градоначалникот д-р Љупчо Бојаџиев со Амбасадорот на Р.Словенија во РМ проф. д-р Милан Јазбец – очекувана поддршка и конкретна соработка за неколку проекти од интерес на граѓаните на општина Кратово.

Известување

Се известуваат граѓаните на општина Кратово дека Градоначалникот д-р Љупчо Бојаџиев, утре (среда) 29.11.2017 година нема да врши прием на странки, поради претходен закажан работен состанок. Доколку имате потреба да закажете прием кај Градоначалникот или за некои други дополнителни информации јавете се на телефонскиот број 031/ 481 202. Со почит,

Пристап до информации од јавен карактер на лица со попреченост

На 30 ноември 2017 година (четврток), во сала за состаноци на Совет на општина Кратово од 11:00 часот, Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „ИНКЛУЗИВА“ и општина Кратово Ве покануваат, да учествувате на јавна дебата на тема: Пристап до јавни информации за лицата со попреченост во општините и локалната јавна администрација во североисточен регион …

Пристап до информации од јавен карактер на лица со попреченост Види повеќе »

Посета на полскиот амбасадор во ЈОУДГ „Царка Андреевска“ Кратово

Потпишување на Записник за прифаќање на договорот: Обновување на санитарни простории и замена на столарија на приземје во ЈОУДГ „Царка Андреевска“ Кратово, помеѓу Градоначалникот на Општина Кратово д-р Љупчо Бојаџиев и Амбасадорот на Република Полска во РМ Јацек Мултановски  

Scroll to Top