📣 Кампања за подигање на свеста за згрижување на деца и промовирање на националната стратегија за деинституционализација

📣 На секое дете му е потребно семејство и заслужува љубов. Згрижувачките семејства, вршат благородна мисија и креираат радост во заедницата📣

💬Вчера градоначалникот на општина Кратово, Тодорче Николовски, разговараше со Александра Мојсова од СОС Детско село за договорената вклученост на општина Кратово во кампањата за подигање на свеста за згрижување на деца и промовирање на националната стратегија за деинституционализација. Проектот „Унапредување на системски недостатоци – Поддршка на реформите во системот за заштита на деца“, кој го спроведува СОС Детско село, предвидува општествена мобилизација за подигање на свеста за важноста на програмата за згрижување на деца и иницира создавање систем за одржување на врските на децата со семејството, заедницата и културното потекло.

image0

 

Scroll to Top