По повод големиот христијански празник „Богојавление“ – Водици, на ден 19.01.2023 година (четврток), во 11 часот на градскиот базен во Кратово ќе се изврши Богојавленски водосвет под покровителство на Градоначалникот на Општина Кратово Тодорче Николовски и на Македонската православна црква, Кумановско-осоговска епархија.
Сите заинтересирани верници, кои ќе скокаат по крстот да се пријават во општина Кратово на
031 481 202 (од 7.30 до 15.30ч)


Општина Кратово Ве поканува да бидете дел од овој традиционален верски настан посветен на големиот празник Богојавление – Водици.



