Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ) и Договорот за соработка Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Кратово, во рамките на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2023 година усвоен од Владата на РСМ, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 12.06.2023 година се објавува:
Ј А В Е Н П О В И К
до
евидентирани невработени лица за вклучување во
Програмата Општинско – корисна работа
Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско – корисна работа, проект „Помош и поддршка за подобар живот“ за работно ангажирање со скратено работно време од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување – Центар за вработување Кратово.
Евидентираните невранботени лица кои немаат сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува ќе бидат вклучени во програмата при што 3 месеци ќе добијат задолжителна обука и 6 месеци работно ангажирање.
Вкупниот период на влученост на невработените лица преку програмата изнесува 9 месеци во кој влегува обуката и работниот ангажман.
Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на задолжителната обука од 3 месеци за лицата кои не поседуваат соодветен сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува и за време на работниот ангажман од 6 (шест) месеци/9(девет) месеци статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица – корисници на паричен надоместок и на корисници на право на Гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право.
Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.
За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско – корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 13.750,оо денари бруто износ за времетраењето на обуката и работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.
Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:
– долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години);
– млади лица до 29 години;
– лица постари од 50 години;
– жени припадници на ромската етничка заедница и на останатите етничките заедници;
– лица припадници на ромската етничка заедница;
– самохрани родители;
– родители на 3 и повеќе деца.
Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на:
Работно место 1: Асистенти за самостојно живеење
Позиции за работно место 1: 2
Потребни квалификации и занимања за Работно место 1: НКВ/ССС/ВСС со или без сертификат за обука
Работно место 2: Фасилитатори
Позиции за работно место 1: 2
Потребни квалификации и занимања за Работно место 1: НКВ/ССС/ВСС со или без сертификат за обука
Заинтресираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско – корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување – Центар за вработување Кратово во периодот од 12.06.2023 година до 16.06.2023 година, од 08:00 до 14:00 часот.
Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Кратово и избраните кандидати.
Детални информации за Програмата „Општинско – корисна работа“ можат да се добијат во општина Кратово кај лицето Маја Крстевска, Општински координатор за Програмата „Општинско – корисна работа“, Агенција за вработување – Центар за вработување Кратово кај лицето Магдалена Арсовска, Центар за социјлна работа Кратово кај лицето Иванка Митевска.



