Соопштение за терестична (земјена) дезинсекција

Спроведувањето на превентивна дезинсекција како значајна општа мерка за заштита на населението, Општина Кратово согласно Програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести во 2023 година и Законот за заштита на населението од заразни болести, го издава следното

С О О П Ш Т Е Н И Е

За јавност:

Општина Кратово ја информира јавноста дека првиот третман на терестична (земјена) дезинсекција ќе се изврши на ден: 14 Јули 2023 (петок) во ноќните часови во период од 01.00 часот до 05.00 часот. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско подрачје, по течението на Кратовска река од градот Кратово накај вливот во Крива река и населените места (села): Туралево, Филиповци, Сакулица, Вакв, Шопско Рударе, Коњух, Шлегово, Приковци, Крилатица, Трновац и Страцин.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

 

facebooktwittergoogle_pluslinkedin