Прва (конститутивна) седница на советот на општина Кратово

Врз основа на член 37 став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/2002), а согласно член 17 од Статутот на општина Кратово и член 35 од Деловникот на Советот на општина Кратово, донесувам

РЕШЕНИЕ

за свикување на првата (конститутивна) седница на Советот на општина Кратово

Ја свикувам првата (конститутивна) седница на Советот на општина Кратово која ќе се одржи на ден 25.10.2017 година (среда) во салата за седници на Советот на општина Кратово, со почеток во 14 часот. За седницата го предлагам следниот

ДНЕВЕН РЕД

1. Избор на постојана комисија за прашања на верификација, избори и именувања;

2. Разгледување на Извештај на комисијата за прашања на верификација, избори и именувања, со предлог за донесување на Одлука за усвојување на извештајот и Предлог – Одлука за верификација на мандатите на новоизбраните членови на советот на општина Кратово;

3. Давање на свечена изјава (заклетва) на членовите на советот;

4. Избор на Претседател на советот на општина Кратово;

5. Прашања и предлози.

На седницата е поканет Градоначалникот на општина Кратово и Раководителите на јавни претпријатија, установи и органи на управата на Локалната самоуправа одговорни за својата работа пред Советот на Општина Кратово. Се известуваат поканетите службени лица за задолжително присуство на седницата на Советот.

Претседател на

Совет на општина Кратово

Сашо Ѓеоргиевски

Scroll to Top