Врз основа на член 39 став 1 и 2 и член 48 став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/2002), а согласно член 25 од Статутот на општина Кратово и член 35 од Деловникот на Советот на општина Кратово, донесувам
РЕШЕНИЕ
за свикување на осмата седница на Советот на општина Кратово
Ја свикувам седмата седница на Советот на општина Кратово која ќе се одржи на ден 08.02.2018 година (четврток) во салата за седници на Советот на општина Кратово, со почеток во 15 часот.
За седницата го предлагам следниот
ДНЕВЕН РЕД
- Предлог – Одлука за изменување на одлуката за извршување на Буџетот на Општина Кратово за 2018 година;
- Извештај со Предлог – Одлука за усвојување на Извештај на Комисијата за попис на општина Кратово за извршен попис на ден 31.12.2017 година;
- План со Предлог – Одлука за усвојување на План за заштита и спасување од природни непогоди и други несреќи за подрачјето на општина Кратово;
- Информации со Предлог-Одлука за усвојување на информацијата за безбедносна состојба и преземени мерки од страна на ПСОН во текот на вторите шест месеци од 2017 година;
- Предлог – Заклучок за овластување на Градоначалникот на општина Кратово за раскинување на договор;
- Прашања и предлози.
На седницата е поканет Градоначалникот на општина Кратово и Раководителите на јавни претпријатија, установи и органи на управата на Локалната самоуправа одговорни за својата работа пред Советот на Општина Кратово. Се известуваат поканетите службени лица за задолжително присуство на седницата на Советот.
Претседател на
Совет на општина Кратово
Ранко Арсов