Општина Кратово во соработка со Асоцијацијата „Гастромак“ и Адријана Алачки Ве поканува на манифестацијата „Традиционална трпеза Кратово 2018“ на ден 19.05.2018 година (сабота) на Градскиот Плоштад во Кратово со почеток од 11 часот.
На оваа манифестација учество ќе земат претставници од многубројни општини кои на штандовите ќе презентираат тредиционална храна и карактеристични специјалитети. Во рамките на манифестацијата предвидена е и културно – забавна програма и се очекуваат голем број на учесници и посетители.