Соопштение за Богојавление (Водици 2019)

Bogojavlenie.DionisiatПо повод големиот Христијански празник Богојавление (Водици), на ден 19.01.2019 година (сабота), на Градскиот базен во Кратово со почеток во 11ч, од страна на клирот од Кумановско-осоговската епархија на МПЦ-ОА ќе се изврши Богојавленски Водосвет – фрлање на крст во вода.

Овој настан е под покровителство на Општина Кратово и по тој повод се известуваат сите заинтересирани граѓани за учество во овој ритуал дека може да се пријават во просториите на Општина Кратово најдоцна до 18.01.2019 година (петок) до 14ч. Секое заинтересирано лице за учество, при пријавувањето треба да достави и медицинска потврда за здравствената способност.

Општина Кратово за многубројните посетители на овој традиционален настан ќе обезбеди топли напитоци и пијалоци, а за најсреќниот граѓанин, кој ќе го фати крстот, следува награда.

За многу години!

Бог се јави!

Scroll to Top