На 29-ти Јануари 2019 година (вторник) од 11 часот, каде што е поставена спомен бистата на Павел Шатев, ќе се одржи панахида со што ќе се одбележи годишнината од смртта на познатиот македонски револуционер, родољуб и публицист.
Почит на последниот македонски гемиџија, револуционер, публицист, патриот и македонски интелектуалец, Павел Шатев кој целиот свој живот го посвети на македонското ослободително дело ќе се одржи во вторник (29.01.2019 година) во 11 часот на спомен бистата во Кратово (поставена пред Основниот суд) со положување на свежо цвеќе.
Павел Шатев се вбројува меѓу ретките македонски револуционери, политичари и државници од постарата генерација, кој ги преживеа сите премрежја на македонската ослободителна борба.