ВО КРАТОВО ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИОТ ДЕН НА ПОЕЗИЈАТА СО МАНИФЕСТАЦИЈАТА „КРАТОВО ПЕЕ“

ВО КРАТОВО ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИОТ ДЕН НА ПОЕЗИЈАТА СО МАНИФЕСТАЦИЈАТА „КРАТОВО ПЕЕ“

Во Музеј на град Кратово во саботата ден 23 март 2019г. за прв пат се одржа манифистецијата „Кратово пее“, со што соодветно беше одбележан Денот на пролетта (21 март) и Светскиот ден на поезијата (21 март). Настанот беше инициран и организиран од Здружение на просветни работници – литературни творци на Македонија, во соработка и со подршка на Општина Кратово, Музеј на град Кратово и СОУ „Митко Пенџуклиски“ – Кратово.

Во присуство на љубителите на пишаниот збор и во пријатна музичка придружба, околу десетина македонски литерати зедоа учество на манифестацијата со читање на сопствени дела (поетски дела и раскази). На овој настан свои дела прочитаа Наталија Веселинова и Емилија Пановска, млади литерати од Кратово. Настанот беше збогатен и со музичка изведба на песни од Егејска Македонија од страна на Ристана – Рина Николова.

DSC_0094

Г-ѓа Благојка Филипчева, претседателка на Здружението на просветни работници – литературни творци на Македонија, кое постои веќе 25 години, во име на здружението подари книги на СОУ „Митко Пенџуклиски“ – Кратово.  По завршување на манифестацијата, учесниците и присутните имаа можност да дегустираат и уживаат во вкусните специјалитети приготвени од ученици во СОУ „Митко Пенџуклиски“ – Кратово под раководство на професорот Младен Мицевски.

DSC_0031

DSC_0043

DSC_0098

DSC_0107

Scroll to Top