OДБЕЛЕЖАНИ 110 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ЈОСИФ ДАСКАЛОВ

OДБЕЛЕЖАНИ 110 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ЈОСИФ ДАСКАЛОВ

На 3 јуни 2019г. (понеделник) во Музеј на град Кратово со почеток во 12ч. се одбележа 110 годишнината од смртта на Јосиф Даскалов.

Настанот се одржа во соработка со Музеј на град Кратово и Сојузот на борци на НОБ и граѓани продолжувачи – Кратово.  На истиот зедоа учество и за величината и значењето на Јосиф Даскалов пред присутните говореа Ива Зарева (ученичка во 8 одделение во ООУ „Кочо Рацин“ – Кратово), м-р Илија Митевски (директор на Музеј на град Кратово) и Миле Марковски (пензиониран професор по историја и претседател на Сојузот на борци на НОБ и граѓани продолжувачи – Кратово).  61648238_323323475225466_5809734667103895552_n

По одржаните говори, присутните го проследија краткометражниот филм за Јосиф Даскалов од серијалот „Тврдокорни“, во продукција на МТВ.

62181226_2177936625594484_4475465117680533504_n

Јосиф Даскалов (1868Кратово – 1909Подрум КалеТурција) е македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и раководител на Македонската револуционерна организација.

Scroll to Top