Доколку сте младо лице (15-29) години и во моментот не сте вработени и не сте во процес на образование или обука, имате можност да станете дел од Гаранцијата за млади и имате шанса да се вклучите во некоја од активните мерки на Агенција за вработување.
Во рамките на Гаранцијата млади има и теренски работници коишто на терен информираат за Гаранцијата за млади и им даваат поддршка на младите лица да се активираат на пазарот на труд.
Теренските работници работат на терен во општините во Североисточен регион, Полошки регион, Југозападен регион како и во одделните општини Шуто Оризари, Гази Баба и Струмица.
Доколку и вие припаѓате во некоја од овие одделни општини или општините во рамки на трите региони, пријавете се на оваа google форма и ќе бидете контактирани од теренските работници коишто ќе ве информираат подетално за Гаранцијата за млади и за тоа како да се вклучите во истата.