Триесетина членови на КУД „Ефрем Каранов“ од Кратово со поддршка од Општина Кратово се заминати во Кахул (Молдавија), градот кој во периодот од 4-7 јули 2019г. е домаќин на 16-тото издание на Меѓународниот фолклорен фестивал “Nufarul Аlb”.
Овој фестивал се организира на секои две години. Прв пат е организиран во 1989 година. Годинава КУД „Ефрем Каранов“ од Кратово учествува на овој фестивал заедно со други 10 екипи од вкупно 9 земји (Романија, Украина, Литванија, Белорусија, Грузија, Турција, Португалија, Македонија и Бугарија).