Решение за свикување на 35 седница на Совет на општина Кратово

Врз основа на член 39 став 1 и 2 и член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Службен Весник на РМ“ бр.5/2002), а согласно 25 од Статутот на општина Кратово и член 35 од Деловникот на Советот на општина Кратово, донесувам

РЕШЕНИЕ

за свикување на 35-та седница на советот на општина Кратово

Ја свикувам 35 седница на Советот на општина Кратово која ќе се оддржи на ден 27.09.2019 година (петок) во салата за седници на Советот на општина Кратово со почеток во 11 часот. За седницата го предлагам следниот:

ДНЕВЕН РЕД

Предлог – Записник од 33-та седница на совет на општина Кратово;

Предлог – Записник од 34-та седница на совет на општина Кратово;
1. Предлог – Одлука за изменување на одлуката за обезбедување на средства за поддршка на проект од програмата за рамномерен регионален развој;
2. Предлог – Одлука за доделување на помош од Буџетот на општина Кратово;
3. Предлог – Одлука за определување на крајбрежен појас на Кратовска река, Река Колаковица и доловите Маало 1, Маало 2, Рамништа и Мечкин дол во опфатот на УПС Железница, општина Кратово;
4. Предлог – Одлука за утврдување на бесправен објект за кој не може да се изврши усогласување нанамените за кп 2575 КО Куклица, општина Кратово;
5. Предлог – Одлука за утврдување на бесправен објект за кој не може да се изврши усогласување нанамените за кп 656/4 КО Кетеново, општина Кратово;
6. Предлог – Одлука за утврдување на бесправен објект за кој не може да се изврши усогласување нанамените за кп 2578,  КО Куклица, општина Кратово;
7. Годишен план со Предлог – Одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2019 година во општина Кратово;
8. Измена на корегиран Годишен план со Предлог – Одлука за давање согласност на измената на корегиран Годишен план за вработување за 2019 година во ЈП „Кратово“ Кратово;
9. Годишен план за вработување со Предлог – Одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2020 година на ЈП „Кратово“ Кратово;
10. Предлог – Одлука за давање согласност за примена на Одлуката за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП„Кратово“ – Кратово;
11. Годишен план со Предлог – Одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2020 година на СОУ „Митко Пенџуклиски“ Кратово;
12. Годишен извештај со Предлог – Решение за усвојување на Годишен извештај за работа на СОУ „Митко Пенџуклиски“ Кратово за учебната 2018/2019 година;
13. Годишна програма со Предлог – Решение за усвојување на Годишна програма за работа на СОУ „Митко Пенџуклиски“  Кратово за учебната 2019/2020 година;
14. Годишен извештај со Предлог – Решение за усвојување на Годишен извештај за работа на Ученичкиот дом при СОУ „Митко Пенџуклиски“ Кратово за учебната 2018/2019 година;
15. Годишна програма со Предлог – Решение за усвојување на Годишна програма за воспитно – образовната работа на Ученичкиот дом при СОУ „Митко Пенџуклиски“ Кратово за учебната 2018/2019 година;
16. Предлог – Решение за давање согласност за формирање и работа на паралелка во која бројот на ученици е помал од 25 во СОУ „Митко Пенџуклиски“ Кратово во учебната 2019/2020 година;
17. Годишен план со Предлог – Одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2020 година на ЈОУДГ „Царка Андреевска“ Кратово;
18. Годишен извештај со Предлог – Решение за усвојување на Годишен извештај за работа на ЈОУДГ „Царка Андреевска“ Кратово за работната 2018/2019 година;
19. Годишна програма со Предлог – Решение за усвојување на Годишна програма за работа на  ЈОУДГ „Царка Андреевска“ Кратово за работната 2019/2020 година;

20. Предлог – Одлука за давање согласност за формирање и работа на воспитни групи со поголем, односно помал број на деца во ЈОУДГ „Царка Андреевска“ Кратово во работната 2019/2020 година;

21. Годишна програма со Предлог – Решение за усвојување на Годишна програма за работа на ООУ „Кочо Рацин“ Кратово за учебната 2019/2020 година;

22. Програма со Предлог-Решение за усвојување на Програма за ученички екскурзии и други слободни активности на учениците на ООУ „Кочо Рацин“ Кратово за учебната 2019/2020 година;

23. Информација со Предлог – Заклучок за усвојување на Информацијата за безбедносна состојба и преземени мерки во текот на првите шест месеци од 2019 година на Полициска станица од општа надлежност Кратово;
24. Прашања и предлози.
На седницата е поканет и Градоначалникот на општина Кратово и раководителите на јавни претпријатија, установи и органи на управата на локалната самоуправа одговорни за својата работа пред Советот на општина Кратово.

Се изветсуваат поканетите службени лица за задолжително присаство на седницата на Советот.

Претседател

на Совет на општина Кратово

Слободан Постолов

Scroll to Top