Презентација и промоција на кратовскиот природен компир како и на останатите земјоделски и гастрономски обележја на Кратово преку многубројните специјалитети кои ќе бидат подготвени од вредните раце на домаќинките како и преку цртежи на тема „Компир – здрава храна за детство без маана“.
На десетина штандови ќе се најдат повеќе видови компир, некои за пржење други за готвење, едни црвени, други жолти. Одгледани се во чиста еколошка средина, што му дава квалитет на компирот.
Да ја запознаеме традицијата од блиску, непосредно во контакт со луѓето.