Решение за свикување на 40 седница на Совет на општина Кратово

 Врз основа на член 39 став 1 и 2 и член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Службен Весник на РМ“ бр.5/2002), а согласно 25 од Статутот на општина Кратово и член 35 од Деловникот на Советот на општина Кратово, донесувам

РЕШЕНИЕ

за свикување на 40-та седница на советот на општина Кратово

Ја свикувам 40 седница на Советот на општина Кратово која ќе се оддржи на ден 26.12.2019 година (четврток) во салата за седници на Советот на општина Кратово со почеток во 13 часот. За седницата го предлагам следниот:

ДНЕВЕН РЕД

Предлог – Записник од 39-та седница на совет на општина Кратово;

1. Предлог – Буџет на Општина Кратово за 2020 година;
2.  Предлог – Одлука за извршување на Буџетот на Општина Кратово за 2020 година;

3.  Предлог – Одлука за доделување на помош од Буџетот на општина Кратово;

4. Годишен план со Предлог – Одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2020 година во општина Кратово;

5. Годишен план со Предлог – Одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2020 година на ЈП „Кратово“ Кратово;
6. Предлог – Годишна Програма со Предлог Одлука за усвојување на Годишна Програма за изработка на урбанистички планови, урбанистичко планска документација и урбанистичко-проектна документација на општина Кратово за 2020 година;

7. Предлог – Годишна Програма со Предлог Одлука за усвојување на Годишна Програма за усвојување на Годишна Програма за уредување на градежно земјиште и изградба на објекти за комунална инфраструктура во општина Кратово за 2020 година;

8. Предлог – Одлука за вклопување на бесправно изграден објект во идна урбанистичка – планска документација за издавање на урбанистичка согласност за кп 2052 КО Кратово, Општина Кратово.

9. Статут со Предлог-Одлука за давање согласност и позитивно мислење на Статутот на ООУ „Кочо Рацин“ Кратово;

10.  Предлог – Одлука за давање согласност на Одлуката за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во ЈОУДГ „Царка Андреевска“ Кратово;

11. Годишен извештај со Предлог-Одлука за усвојување на Годишниот Извештај за работа на ОУ Музеј на град Кратово;

12. Годишна Програма со Предлог – Одлука за усвојување на Годишна – Програма за работа на ОУ Музеј на град Кратово;

13.Предлог – Одлуа за именување на Одлуката за формирање на Општински совет за социјална заштита;

14. Предлог – Решение за именување членови на општинскиот совет за социјална заштита;

15.Прашања и предлози.

На седницата е поканет и Градоначалникот на општина Кратово и раководителите на јавни претпријатија, установи и органи на управата на локалната самоуправа одговорни за својата работа пред Советот на општина Кратово.

Се известуваат поканетите службени лица за задолжително присаство на седницата на Советот.

Scroll to Top