Решение за свикување на 41 седница на Совет на општина Кратово

Врз основа на член 39 став 1 и 2 и член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Службен Весник на РМ“ бр.5/2002), а согласно 25 од Статутот на општина Кратово и член 35 од Деловникот на Советот на општина Кратово, донесувам

РЕШЕНИЕ

за свикување на 41-ва седница на советот на општина Кратово

Ја свикувам 41 седница на Советот на општина Кратово која ќе се оддржи на ден 30.01.2020 година (четврток) во салата за седници на Советот на општина Кратово со почеток во 11 часот. За седницата го предлагам следниот:

ДНЕВЕН РЕД

Предлог – Записник од 40-та седница на совет на општина Кратово;

1. Предлог – Програма со Предлог-Одлука за усвојување на Програма за работа на Советот на Општина Кратово за 2020 година;
2. Квартален извештај со Предлог-Одлука за усвојување на Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Кратово за четвртиот квартал од 2019 година;

3.  Предлог – Одлука за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на државните и административните службеници на Општина Кратово за 2020 година;

4. Предлог – Одлука за давање на користење на движна ствар – Фотоволтаичен соларен систем на ЈЗУ “Здравствен дом Кратово“;

5. Предлог – Одлука за давање на користење на движна ствар – Фотоволтаичен соларен систем на ООУ „Кочо Рацин“ Кратово;
6. Годишен извештај со Предлог-Одлука за усвојување на Годишен извештај за реализација на програмата за изработка на урбанистички планови, урбанистичко-планска документација и урбанистичко-проектна документација на Општина Кратово за 2019 година;

7. Годишен извештај со Предлог-Одлука за усвојување на Годишен извештај за реализација на програмата за уредување на градежно земјиште и изградба на објекти за комунална инфраструктура на подрачјето на Општина Кратово за 2019 година;

8. Годишен план со Предлог-Одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2020 година во Општина Кратово;

9. Статут со Предлог – Одлука за давање согласност на Статутот на Јавното претпријатие за комунални дејности и инфраструктура „Кратово“;

10.  Финансиски извештај со Предлог – Одлука за усвојување на финансиски извештај за период од 01.01.2019 година со 31.12.2019 година ЈКП „Кратово“;

11. Предлог-Одлука за утврдување на максималниот износ на вредност на бодот за пресметување на платите на давателите на јавни услуги и на директорот на ЈОУДГ „Царка Андреевска“ Кратово;
12.Предлог – Одлука за утврдување на работното време на ЈОУДГ „Царка Андреевска“ Кратово;

13. Годишен извештај со Предлог-Заклучок за усвојување на Годишен извештај за остварување на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер за 2019 година; и

14.Прашања и предлози.

На седницата е поканет и Градоначалникот на општина Кратово и раководителите на јавни претпријатија, установи и органи на управата на локалната самоуправа одговорни за својата работа пред Советот на општина Кратово.

Се известуваат поканетите службени лица за задолжително присаство на седницата на Советот.

 

Scroll to Top