Пријава за маркети/ресторани кои ќе доставуваат храна за време на полициски час во Кратово

ПРЕДМЕТ: Известување за маркети/ресторани кои ќе доставуваат храна за време на полициски час во Кратово

Врз основа на препораките на Влада на Република Северна Македонија, Ве известуваме дека за време на полицискиот час овој викенд (започнувајќи од 18 до 20 април 2020), сите маркети/продавници/ресторани/такси превоз во општина Кратово кои се подготвени и имаат желба да се вклучат во оваа акција за набавка и достава на потребните намирници и храна потребно е да се пријават на е-маил адресата contact.kratovo@gmail.com или пак на следниот телефонски број: 031 481 202 (рок на пријавување е до 16.04.2020 година до 14 часот).

Пријава-за-online-достава

Дозволата за движење ќе биде овозможена за вработените кои ќе доставуваат храна од 8 до 17 часот (сабота, недела и понеделник).

Scroll to Top