„Онлајн сервисна служба„ – бесплатна, високо-квалитетна и индивидуализирана едукација за деца со попреченост

Сакаме да Ве известиме дека Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците„ во партнерство со УНИЦЕФ и Министерство за труд и социјална политика, ја креираше платформа Онлајн сервисна служба“,  која нуди бесплатна, високо-квалитетна и индивидуализирана едукација за деца со попреченост.

Нивните специјални едукатори и логопеди за секое дете ќе дизајнираат индивидуализирани планови за онлајн часови и истите секое дете ќе може да ги следи од дома со поддршка од родител или старател.

Регистрацијата може да ја извршите преку пополнување на барање во платформата https://otw.assistive.mk/baranjeMK/ или преку јавување на телефонските броеви во продолжение:

072 275 211 или 078 282 662 – за македонски јазик
071 989 822 – за албански јазик

За да се информирате подетално за бесплатната платформа „Онлајн сервиса служба„, ве молиме кликнете на линкот во продолжение: https://otw.assistive.mk/ .

 

poster 2 (2)

facebooktwittergoogle_pluslinkedin