С О О П Ш Т Е Н И Е за организирање на Јавна презентација и Јавна анкета по предлог Урбанистички план за вон населено место

Се известуваат граѓаните на општина Кратово дека се организира Јавна презентација и Јавна анкета по предлог Урбанистички план за вон населено место за изградба на објект со намена Е2-комунална супраструктура Станица за технички преглед на дел од к.п.3861/1 и к.п.3861/5, м.в.габреш, КО Шлегово, општина Кратово, со тех.бр.У-07/19 од Јуни 2020 година,изработен од Урбан Гис д.о.о.Куманово од Куманово.
Границата на планскиот опфат на Урбанистички план за вон населено место е прикажана со испрекината црвена линија во графички дел на планот. Вкупната површина на планскиот опфат изнесува 3767,07м 2. Јавната презентација со стручно презентирање на предлог Урбанистички план за вон населено место ,со тех.бр.У-07/19 од Јуни 2020 година, изработен од Урбан Гисд.о.о.Куманово од Куманово, ќе се одржи на ден 23.06.2020 година со почеток во 12 00 часот во салата на советот на општина Кратово.
Јавна анкета по предлог Урбанистички план за вон населено место, со тех.бр.У-07/19 од Јуни 2020 година, изработен од Урбан Гис д.о.о.Куманово од Куманово, ќе трае 5 работни дена во електронска и во писмена форма, секој работен ден од 7 30 до 15 30 часот во просториите на Одделението за урбанизам, комунални работи заштита на животната средина и лер при општина Кратово во период од 22.06.2020 година до 26.06.2020 година, во кој период заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови кои можат да ги подигнат од просториите на Оделението и од web страната на општина Кратово www.opstinakratovo.gov.mk,или во електронска форма преку информацискиот систем e-urbanizam.
Графичкиот прилог од предлог Урбанистички план за вон населено место, ќе биде изложен на огласна табла во зградата на општина Кратово, во информацискиот систем e-urbanizam и на web страната на општина Кратово, а подетални информации во врска со Урбанистичкиот план за вон населено место може да се добијат во Одделението за урбанизам комунални работи заштита на животната средина и лер при општина Кратово.

Анкетен лист

УПВНМ-графички приказ Известување до институции

Соопштение

Известување со уредба за ЈА и ЈП

facebooktwittergoogle_pluslinkedin