С О О П Ш Т Е Н И Е за второ прскање против комарци на територијата на општина Кратово

С О О П Ш Т Е Н И Е

            Општина Кратово Ве информира дека на ден 23.07.2020 година (четврток) во период од 05.00 часот до 08.00 часот ќе се спроведе второ авионско третирање против комарци за 2020 година на територијата на општина Кратово.

Се известуваат пчеларите дека во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците-сандаците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства. Во случај на врнежи, прскањето ќе биде одложено за наредниот ден.

Со почит,

                                                                                             Градоначалник на општина Кратово
                                                                                                       д-р Љупчо Бојаџиев
facebooktwittergoogle_pluslinkedin