Во Општина Кратово врз основа на утврдената фактичка состојба на терен од страна на стручните служби во општината и по реакција на граѓаните од денес ќе се изведуваат работни активности – асфалтирање односно крпење на ударните дупки на улиците во градот.
Според планираното наредните неколку дена треба да завршат предвидените активности и затоа ги замолуваме жителите на општината за соработка и трпение во периодот додека се изведуваат градежните работи.
Изведувач на работите е фирмата „Ленди Груп“ од Скопје.