Меѓународен ден на старите лица 1 Октомври

Месецот Октомври започнува со ден посветен на старите лица. Меѓународниот ден на старите лица е востановен во 1990 година од страна на Генералното собрание на Обединетите нации.

Денеска овој ден во Општина Кратово се одбележа со активноста домашна посета кај стари лица и изнемоштени лица кои се корисници на ОКР Кратово 2020 односно заедничката средба со придружба на медицинско лице – Доктор како и претставници од тимот на Црвен крст Пробиштип.

Stari lica 4

По тој повод старите лица ги информиравме за нивните права од социјална и здравствена заштита, работите сврзани со посебната заштита и помош на семејството, работите на старателството утврдени во Законот за семејството како и за Етичкиот кодекс за постапување со стари лица и во нивните домови им се направени бесплатни прегледи за мерење на шеќер во крвта и крвен притисок.

Stari lica 2

Меѓународниот ден се одбележува преку зголемување на свесноста за проблемите поврзани со старите лица, како и се потенцира придонесот на постарите лица во општеството.

Stari lica 3

Stari lica 1

Stari lica 5

Scroll to Top