Воспоставување на Mеханизам за жалби и поплаки во врска со Проект за поврзување на локални патишта

Општина Кратово аплицираше со Проект за реконструкција на локален пат: пристапен пат до Здравствен дом Кратово.  Проектот и реализацијата на проектните градежни активности ќе имаат позитивно влијание врз општината, особено во подобрување на економијата на заедницата, животната средина и социјалните аспекти.  При  финансирање на инфраструктурните проекти од странски донатори, како што е овој случај (Светска Банка), пред започнување на градежните работи се воспоставува процедура и Механизам за жалби и поплаки, кој им овозможува на засегнатите лица да поднесат жалби и поплаки во врска со директни и индиректни влијанија од Проектот, без надомест и со гаранција за навремено и задолжително решавање на жалбите и поплаките.

Процедурата и Механизмот за жалби и поплаки треба да бидат започнати во случај на повреда на правата на сопственост или нивно загрозување од аспект на безбедноста во сообраќајот, нарушување на кодексот на однесување на ангажираните работници кон локалното население или појава на одредени негативни влијанија врз медиумите на животната средина.

Постапката за активирање на Механизмот за жалби и поплаки е преку пополнување на печатен образец кој треба да биде достапен во сите јавни објекти каде се движи локалното население (огласни табли на општината, објекти на месни заедници, канцеларии на Надзорниот орган и канцеларии на Изведувачот), како и на веб страната на Општина Кратово.

Поплаките може да се пополнат усно преку телефон, во писмена форма (по пошта или e-mail) или со пополнување на Образецот за жалби и поплаки.

Формуларот за поплаки можете да го превземете ТУКА

Контакт лице од Единица за Имплементација на Проектот

Г-ѓа Сашка Богданова Ајцева

Консултант за животна средина и социјални аспекти

Тел: + 389 (2) 3145 531

Е-пошта: saska.bogdanova.ajceva.piu@mtc.gov.mk

Адреса: Министертсво за транспорт и врски-Единица за Имплементација на Проект

Ул. “ДамеГруев” бр. 6

1000 Скопје

Република Северна Македонија

web: http://mtc.gov.mk/proekt%20za%20loklani%20patista%20lrcp

Контакт лице од општина

Горјан Бошковски

Тел: +389 (31) 481 202 моб. + 389  71 717 518

 e-mail: contact.kratovo@gmail.com

Адреса: Општина Кратово, Плоштад Маршал Тито бб 1360 Кратово

Република Северна Македонија

web: http://www.opstinakratovo.gov.mk/

Контакт лице како Претставник на граѓаните

Ранко Арсов

тел. +389 71 259 050

Механизам за жалби и поплаки

 

Scroll to Top