„МАКПЕТРОЛ“ АД Скопје со донација на таблети во ООУ „Кочо Рацин“

„Макпетрол“ АД Скопје како општествено одговорна компанија, во време на пандемија кога ни се случува дигитализација на голем дел од секојдневните процеси вложува во најмладите.

Компанијата минатата година набавила 1.000 таблети, во вредност од над 6 милиони денари, кои поради работата во услови на пандемија, отежнат транспорт и испорака ги добила претходната недела. Донацијата е наменета за учениците во 20 основни училишта ширум државата. Распределбата на донацијата е извршена во соработка со Министерството за образование и наука, се со цел истата да стигне до оние на кои им е најпотребна.

Нашето основно училиште „Кочо Рацин“ доби 17 таблети за учениците и нивните семејства кои имат потешкотии при адаптација на овој процес, само поради тоа што припаѓаат на семејства со помали примања, нешто што не смее да се дозволи, бидејќи сите деца мораат да имаат еднакви можности за свое надоградување.

„Макпетрол“ АД Скопје ќе продолжи со својата заложба да вложува во општествено одговорни акции, бидејќи веруваме дека големината на една успешна компанија е токму во несебичните постапки кои можат да го подобрат квалитетот на животот на нашите граѓани.

Scroll to Top