Поради состојбата со ковид – 19, се откажува главната манифестација за патрониот празник Свети „Ѓорѓи Кратовски“

Почитувани граѓани,

Поради здравствената криза (пандемија од Корона вирусот) како и доследно почитување на мерките и препораките за заштита, централниот настан по повод Патрониот празник Свети „Ѓорѓи Кратовски“ 24-ти февруари 2021 година кој секоја година се одбележуваше на Градскиот Плоштад, годинава се откажува.

За разлика од претходните години, Чествувањето на Патронот и заштитник на градот Кратово Св. новомаченик Ѓорѓи Кратовски ќе биде одбележан поскромно, односно само во црковниот храм Свети „Ѓорѓи Кратовски“ во Кратово со утринска богослужба по сите здравствени протоколи.

Инаку патронот на Кратово Св. Ѓорѓи Кратовски како патрон на градот Кратово организирано се прославува секоја година на ден 24 февруари, од страна на општина Кратово и Кумановско-осоговска Епархија.

87266019_2498083753630696_8590936676589633536_o

Scroll to Top