Решение за свикување на 56-та седница на Совет на општина Кратово

Ја свикувам 56 седница на Советот на општина Кратово која ќе се оддржи на ден 23.02.2021 година (вторник) во салата на Музеј на град Кратово со почеток во 10 часот . За седницата го предлагам следниот:

ДНЕВЕН РЕД

Предлог-Записник од 54-та седница на Советот на општина Кратово одржана на ден 28.01.2021 година;

Предлог-Записник од 55-та седница на Советот на општина Кратово одржана на ден 04.02.2021 година;

1. Предлог – Одлука за ослободување на фирмите – претпријатијата кои вршат угостителска дејност од плаќање на комунална такса за користење на простор пред деловните простории;
2. Годишен извештај со Предлог – Одлука за усвојување на Годишен извештај за реализираните активности предвидени со Програмата за уредување на градежно земјиште и изградба на објекти за комунална инфраструктура на подрачјето на Општина Кратово за 2020;

3. Урбанистички план со Предлог-Одлука за донесување на Урбанистички план за село Нежилово, Општина Кратово;

4. Предлог-Одлука за давање согласност за распишување Јавен повик за предлагање на кандидати за избор на членови на Совет на млади на општина Кратово;

5. Финансиски извештај со Предлог-Одлука за усвојување на Финансискиот извештај за период од 01.01.2020 до 31.12.2020 година на Јавното претпријатие за комунални дејности и инфраструктура „Кратово“ Кратово;

6. Предлог – Решение за именување на член на Училишниот одбор на СОУ „Митко Пенџуклиски“ Кратово;

7. Информација со Предлог – Заклучок за усвојување на Информацијата за безбедносна состојба и преземени мерки во текот на вторите шест месеци од 2020 година за ПСОН Кратово, и

8. Прашања и предлози.

На седницата е поканет и Градоначалникот на општина Кратово и раководителите на јавни претпријатија, установи и органи на управата на локалната самоуправа одговорни за својата работа пред Советот на општина Кратово.

Претседател на Совет на општина Кратово

Слободан Постолов
facebooktwittergoogle_pluslinkedin