На денешен ден Светата православна црква го празнува споменот на Свети Ѓорги Кратовски

На денешен ден Светата православна црква го празнува споменот на Свети Ѓорги Кратовски кој на овој ден 1515 година бил мачен, а потоа и спален, на 18 годишна возраст. По занает бил кујунџија и познате е како заштитник на златарите и кујунџиите.
Житието вели дека Свети Ѓорги Кратовски е роден во 1497 година во Кратово од родители Димитрија и Сара. По желба на родителите по завршувањето на училиштето пошол на кујунџиски занает кој во Кратово бил популарен и поради рудниците. Набргу станал познат мајстор. Во тоа време турските власт собирале т.н. данок во крв за пополнување на војската која напредувала кон Европа, правејќи војници-јаничари. Знаејќи дека во Кратово нема да остане долго незабележан, решил да замине во Софија, надевајќи се дека поголемиот град нуди повеќе можности да го направи тоа. И во Софија поради способностите набргу се стекнал со углед и бил забележан од турците. Му биле понудени благодетите на царските власти под услов да ја смени верата и да го прифати исламот. Но Ѓорги Кратовски без размислување одбил поради што бил ставен во затвор. Ја бранел верата Христова поради што бил мачен, а потоа и спален.
На иконите Свети Ѓорги Кратовски е претставен како голобрадо момче во кошула со крст во десната рака и маслинова гранка во левата. Над ореолот има натпис:„Свети Ѓорги кој настрада од Селим“.
Scroll to Top