Ја свикувам 57 седница на Советот на општина Кратово која ќе се оддржи на ден 15.03.2021 година (понеделник) во салата на Музеј на град Кратово со почеток во 11 часот . За седницата го предлагам следниот:
ДНЕВЕН РЕД
Предлог-Записник од 56-та седница на Советот на општина Кратово одржана на ден 23.02.2021 година;
1. Годишна (завршна) сметка и Годишен извештај со Предлог – Одлука за усвојување на Годишна (завршна) сметка на Буџетот и Годишен извештај на Општина Кратово за 2020 година;
2.Годишни (завршни) сметки и Годишни финансиски извештаи со Предлог – Одлука за усвојување на Годишните (завршните) сметки и годишните финансиски извештаи на ООУ „Кочо Рацин“ Кратово за 2020 година;
3. Годишни (завршни) сметки и Годишни финансиски извештаи со Предлог – Одлука за усвојување на Годишните (завршните) сметки и финансиски извештаи на СОУ „Митко Пенџуклиски“ Кратово за 2020 година;
4. Годишни (завршни) сметки и финансиски извештај со Предлог – Одлука за усвојување на Годишните (завршните) сметки и финансискиот извештај на ЈОУ Дом на култура „Лазар Софијанов“ Кратово за 2020 година;
5. Годишен извештај со Предлог-Одлука за усвојување на Годишен извештај за работа на ЈОУ Дом на култура „Лазар Софијанов“ Кратово за 2020 година;
6. Годишни (завршни) сметки и Годишни финансиски извештаи со Предлог – Одлука за усвојување на Годишните (завршните) сметки и годишните финансиски извештаи на ОУ „Музеј на град Кратово“ Кратово за 2020 година;
7. Годишни (завршни) сметки и Годишни финансиски извештаи со Предлог – Одлука за усвојување на Годишните (завршните) сметки и годишниот финансиски извештај на ЈОУДГ „Царка Андреевска“ Кратово за 2020 година;, и
8.Годишна (завршна) сметка со Предлог – Одлука за усвојување на Годишната (завршна) сметка на ЈП „Кратово“ за 2020 година;
9.Извештај со Предлог-Одлука за усвојување на Извештај за работата на ЈП „Кратово“ Кратово за 2020 година;
10.Годишна програма со Предлог-Одлука за усвојување на Годишна програма за заштита на природата за локалитет Куклица за 2021 година;
11. Годишна програма со Предлог-Одлука за усвојување на Годишна програма за заштита на природата за локалитет Плоче – Литотелми за 2021 година;
12. Предлог – Одлука за доделување на помош од Буџетот на општина Кратово;
13. Предлог-Решение за избор и именување на членови на Советот на млади на општина Кратово; и
14.Прашања и предлози.
На седницата е поканет и Градоначалникот на општина Кратово и раководителите на јавни претпријатија, установи и органи на управата на локалната самоуправа одговорни за својата работа пред Советот на општина Кратово.
Претседател на Совет на општина Кратово