Решение за свикување на 59-та седница на Совет на општина Кратово

Ја свикувам 59 седница на Советот на општина Кратово која ќе се оддржи на ден 29.04.2021 година (четврток) во салата на Музеј на град Кратово со почеток во 11 часот . За седницата го предлагам следниот:

ДНЕВЕН РЕД

Предлог-Записник од 58-та седница на Советот на општина Кратово одржана на ден 31.03.2021 година;

  1. Квартален извештај со Предлог-Одлука за усвојување на Квартален извештај за извршување на буџетот на Општина Кратово за првиот квартал од 2021 година;
  2. Предлог-Одлука за обезбедување на финанасиски средства за поддршчка на Проект од Програмата за рамномерен регионален развој за 2021 година;
  3. Предлог-Одлука за поддршка и давање на приоритет на проекти;
  4. Предлог-Одлука за утврдување на предлогот за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Кратово и Општина Крива Паланка;
  5. Годишен извештај со Предлог-Одлука за усвојување на Годишен извештај за работа со Годишен финансиски извештај и Завршна (Годишна) сметка на Центарот за развој на СИПР за 2020 година;
  6. Годишен извештај со Предлог-Одлука за усвојување на Годишен извештај за спроведување на Програмата за развој на СИПР за 2020 година;
  7. Извештај со Предлог-Одлука за усвојување на Извештај за работење на ЗЈП „Еко Зона“ за 2020 година;
  8. Завршна (годишна) сметка со Предлог-Одлука за усвојување на завршна (годишната) сметка на ЈПКДИ „Кратово“ од Кратово за 2020 година;
  9. Предлог-Одлука за усвојување на Финансиски извештај за период од 01.01.2021 до 31.03.2021 година ЈПКДИ „Кратово“ од Кратово;
  10. Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Статутот на Општина Кратово;
  11. Предлог-Одлука за доделување на помош од Буџетот на Општина Кратово;
  12. Предлог-Решение за констатирање престанок на мандат на член на Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиско работење на ЈПКДИ „Кратово“ – Кратово;
  13. Предлог-Решение за именување на член на Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиско работење на ЈПКДИ „Кратово“ Кратово;
  14. Прашања и предлози.

На седницата е поканет Градоначалникот на општина Кратово и раководителите на јавни претпријатија, установи и органи на управата на локалната самоуправа одговорни за својата работа пред Советот на општина Кратово.

Претседател на Совет на општина Кратово

Слободан Постолов
facebooktwittergoogle_pluslinkedin