ОГЛАС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИИ НА УЧЕНИЦИ СО ПОПРЕЧЕНОСТ ЗАПИШАНИ ВО I ОДДЕЛЕНИЕ ВО УЧЕБНАТА 2021/2022 Г

Почитувани,

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“, заедно со своите партнери Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хандимак“, го реализира Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“. Проектот, кој е финансиран од Европската Унија и трае од 1.09.2020 до 31.08.2023, има за цел да обезбеди целосна и рамноправна вклученост на децата со попреченост во редовните основни училишта, кои прераснуваат во институции отворени и пристапни за сите деца и посветени кон обезбедување квалитетно образование на децата со разновидни образовни потреби.

Проектот ги поддржува и зајакнува активностите на Владата, граѓанското општество, засегнатите страни и донаторите преку:

  • осмислување и спроведување на програма за стипендирање со цел подобрување на запишувањето и редовноста на 450 деца со попреченост во почетните одделенија на основното образование, првенствено во редовните училишта;
  • спроведување кампањи за подигање на свеста и активности за промовирање на важноста на инклузивното образование, обезбедување национална и локална поддршка, инвестирање и посветеност кон создавање инклузивни средини за учење, елиминирање на бариерите и подобрување на приемчивоста на сите засегнати страни како и на пошироката јавност;
  • градење на капацитетите на раководството, наставниците, стручните служби и специјалните едукатори во 40 училишта и вработени од локалните самоуправи одговорни за образованието, со цел подобрување на нивното разбирање и капацитети за планирање и изведување на прилагодена и диференцирана настава, во согласност со најдобрите национални и меѓународни практики;
  • подобрување на пристапноста до и во училиштата за учениците со попреченост, преку инфраструктурни и технички подобрувања во 40 училишта кои се веќе посветени на создавање инклузивна средина за предавање и учење;
  • обезбедување туторска поддршка за ученици со попреченост вклучени во образовниот процес, со цел совладување на наставната програма и/или ИОП.

Во текот на учебната 2021-2022 г. ќе се доделат 150 стипендии за ученици со попреченост запишани во I одделение.

Повикот е отворен до 30 септември 2021 г. Повеќе информации на следниот линк:

https://www.stepbystep.org.mk/novosti-i-nastani/oglas-za-dodeluvanje-stipendii-na-uchenici-so-poprechenost-zapishani-vo-i-oddelenie-vo-uchebnata-2021-2022-g

 

facebooktwittergoogle_pluslinkedin