Потпишан Меморандум за соработка со Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите

На 18 мај 2021 година, Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) официјално ја претстави Програмата за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите во РС Македонија. Програмата ќе соработува со Владата и локалните самоуправи за мерливо зголемување на општинските приходи од сопствени извори, надворешни средства и стапките на извршување на буџетот во согласност со условите за буџетирање и известување.

Градоначалниците од првата група партнер-општини виртуелно потпишаа Меморандум за соработка со што се заложија за подобрување на квалитетот на даночните системи, зајакнување на оперативниот капацитет на даночната администрација и подобрување на способноста на локалните самоуправи за планирање, управување и спроведување на приходите од јавниот сектор.

Избраните 16 општини каде влегува и ЕЛС Кратово со Проектот за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите односно тимот на СРМА за време на спроведување на Проектот, има намера да обезбеди техничка помош на ЕЛС Кратово преку активности во период од 18 месеци почнувајќи од јуни 2021 година со цел:

  • зголемување на приходите од сопствени извори на локалната самоуправа;
  • зголемен пристап до надворешно финансирање на ЕЛС;
  • зголемено ниво на извршување на буџетот на ЕЛС;
  • подобрување на процесот на децентрализација.

KRATOVO USAID

 

Scroll to Top